За вчерашната вооружана престрелка меѓу две групи од кумановскиот огранок на ДУИ, од полицијата денеска соопштија дека како резултат на пукањето починал Н.Р. (46) од селото Белановце, а повредени се С.Р. (41) од Белановце и Ф.М.(22) од Черкези, додека приведени се четири лица, кои се задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка.
„Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово и притоа биле пронајдени траги од крв, осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка“- велат од МВР.
Додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.







