Претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент Дејвид Мекалистер оцени дека, по повод неотварањето на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, дека „денес е лош ден за Европа“ која е изградена на надминување на внатрешните и надворешните поделби.
„Европската унија не беше во состојба да покаже лидерство, храброст и стратешка визија. Неуспехот во донесувањето на храбри одлуки ги поткопува стабилноста и кредибилитетот на Унијата во очите на нашите партнери и пријатели“, наведе Мекалистер во соопштението.
Тој истакна дека Европа падна на испитот на можноста ЕУ да ги исполни обврските, во случаеви кога нејзините партнери ги исполниле своите.
„Не успевајќи да го препознае визионерското лидерство и болните, длабоки реформи и да ги исполни ветувањата, Унијата ризикува да се откаже од својата моќ и испраќа порака дека другите актери се слободни да ги спроведуваат сопствените агенди во регионот“, смета Мекалистер.
Тој истакна дека сега, кога Европа ги изневери своите пријатели и сојузници, се затвора приликата отворена со Преспанскиот договор.
„Денеска евдно малцинство во Европскиот совет е одговорно за тоа што Европа станува поделена, наместо да напредува кон единство и помирување на Западен Балкан. Тие земји, исто така, ја дискредитираа позицијата на Европскиот парламент, кој го поддржува безусловното отворање на преговорите“, заклучи Мекалистер.







