Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мемети: Годинава рекорден број поплаки за детските права, најмногу во образованието
Македонија

Мемети: Годинава рекорден број поплаки за детските права, најмногу во образованието

ноември 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Годинава се уште не е завршена, а веќе имаме примено рекорден број на поплаки за детските права за разлика од другите години во кои сме имале помалку, од 150 до 160. Во оваа година досега имаме над 200, а најголемиот дел од поплаките се во сферата на образованието.

Ова денеска го истакна народниот правобранител Иџет Мемети, одговарајќи на новинарско прашање по повод Светскиот ден на правата на децата.

Тој додаде дека поплаки има и во сферата на здравството, во семејните односи, видувањата на родителите, како и за врсничкото насилство во училиштата. Оваа година имало доста поплаки во однос на тоа дека децата не можат да го остваруваат нивното загарантирано право на образование поради тоа што не се вакцинирани.

„Спроведовме, односно ги анализиравме сите состојби, имајќи ги предвид и Уставот и одлуката на Уставниот суд и дојдовме до заклучок како институција дека не смее да се занемари правото на образование кое е исто така фундаментално. Затоа, подготвивме посебна информација која ја упативме до Владата и побаравме од нив сите овие деца што останаа надвор од градинките и од училиштата, да се формира мултидисциплинарен тим и поединечно, случај по случај, да се проверуваат сите деца.

Само на таков начин ние ќе покажеме дека имаме волја, водиме реална грижа и за правото за добро здравје и за здравјето на луѓето, но и за фундаменталното право за образование, посочи Мемети.

Тој вели дека ако се анализира правната регулатива, лесно се доаѓа до констатација дека имаме добра правна регулатива, почнувајќи од Уставот до законите, но ако реално се гледаат состојбите како тие права зацртани во Законот се спроведуваат во пракса има голема разлика во однос на запишаното и тоа што реално се остварува.

„Зошто е тоа така? Секако дека лесно е да пропишеш добра норма со висок стандард, но од друга страна треба да си подготвен и економски и кадровски за да создаваш услови реално таа норма да ја спроведеш, вели Мемети.

Како институција не се согласуваат со тоа дека родителите се проблем затоа што се децата на улица и оти тие ги терале да питачат. Смета дека тоа е покомплексен феномен или проблем.

„Ние како институција не сметаме дека и родителите треба повеќе да работат со нивните деца. Но, од моментот кога тоа дете треба да е во училиште, кога родителот нема допир со него, што прават наставниците?

Со тоа сакам да кажам што прави државата, системот, образованието. И во овој сегмент бараме многу повеќе да се работи. Ние, како што знаете, имаме и неевидентирани деца. Во образовниот систем сме нашле и сме воделе неколку постапки за деца кои се образуваат надвор од нашиот систем. Загрижувачки проблем.

Како институција сме реагирале, сме ги информирале надлежните, бараме постапување. Министерството за образование ги знае сите наши наоди по однос на девијантните состојби во целиот образовен систем, рече Мемети.

Тој рече дека овој ден, кога се одбележува Светскиот ден на детето и три децении од усвојувањето на Конвенцијата за права на детето од страна на Генералното собрание на ОН, е можност сите ние, како семејство, установи, како органи, институции да се запрашаме дали мерките и активностите што ги преземаме за децата се доволни, дали успеваме да обезбедиме пристап до правата за сите деца онака како што налага Конвенцијата и колку реално децата ги остваруваат истите.

„Како Народен правобранител апелирам денеска, секој од нас, без разлика на која позиција е, за миг да го погледне светот низ детската призма и реално да ги види потребите на децата затоа што само на тој начин ќе согледа дали и колку тоа што е определено во Конвенцијата сме го претвориле во реалност за секое дете, а веќе од утре и секој нареден ден посветено да работиме за поефикасно и поцелосно остварливи права на децата затоа што децата имаат потреба од остварување на истите сите 365 дена во годината, посочи Мемети.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно детски деца поплаки права правобранител
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.