Народниот правобранител Иџет Мемети соопшти дека дел од затворениците не успеале да гласаат во првиот изборен круг од локалните избори, но и денеска, бидејќи истекла важноста на нивните лични карти.
Во најголемиот затвор Идризово, во избирачкиот список се запишани 955 затвореници, од вкупно 1.810 осуденици. А 273 затвореници биле вратени бидејќи немале важечки лични карти, од вкупно 696 кои дошле да гласаат на 15 октомври, според Мемети.
Во вториот изборен круг, денеска право на глас имаа 939 лица во 13 казнено-поправни установи.







