АД „ЕЛЕМ“ попладнево преку соопштение ги демантираше информациите за продажба на компанијата.
Во соопштението се вели дека менаџментот на компанијата во ниту еден момент не размислува за продавање.
„Новото раководство работи единствено во правец ЕЛЕМ повторно да биде столб на енергетската и економската стабилност и независност на Македонија.
„Досегашниот увид кој е направен покажува дека во изминатите 11 години во компанијата се работело во спротивен правец, односно на ослабување на ЕЛЕМ и на целиот енергетски сектор- се истакнува во соопштението.
За посебниот владин советник за економија и контакти со земјите од регионот, Александар Обрадовиќ, од АД ЕЛЕМ велат дека тој е должен да ги даде своите услуги на сите државни субјекти кои имаат потреба од одредена експертиза.