Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе се состанат денеска во Берлин во пресрет на самитот на Европската Унија што ќе се одржи следната недела.
Меркел и Макрон на денешната средба ќе ги усогласуваат ставовите за иднината на Унијата.
Макрон е за темелни реформи во Европската Унија. Меркел смета дека неопходно е да се зајакне еврозоната и да се променат прописите за мигрантите.
Засега постојат различни ставови на кој начин би се направило тоа.
Состанокот во Берлин се одржува во моменти кога Меркел е соочена со ултимативно барање на нејзините коалициони партнери во владата за промена на мигрантската политика.







