Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МЗЗПР: Безбедноста и здравјето при работа останува врвен приоритет и во време на Ковид-19 пандемија
Македонија

МЗЗПР: Безбедноста и здравјето при работа останува врвен приоритет и во време на Ковид-19 пандемија

април 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Грижата за здравјето на секој човек во огромна мера се огледа преку почитувањето на стандардите за безбедност и здравје при вршење на работните активности.

Токму затоа, обврска и поширок национален интерес е заштитата на
инспекциските службеници од сите потенцијални ризици при вршењето на нивните тековни обврски, беше заеднички констатирано од страна на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-  Грашкоска и претседателот на Македонското здружение за заштита при
работа, Милан Петковски.

За таа цел, земајќи ја во предвид вонредната состојба со цел превенција од ширење на корона вирусот, Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и нејзините членки, следбено на остварената комуникација и потврда за потребата на лична заштитна опрема, на Инспекцискиот совет донира лична заштитна опрема во висина од 183.600 денари.

Опремата, како што соопштија од здружението, се состои од 1.700 маски за повеќекратна употреба изработени од материјал кој се употребува во здравство, испитан по стандард MKC F.C2.401, како и 1.700 ракавици плетени од полиамед обложени со полиуретан.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, за време на примопредавањето на заштитната опрема, ја
истакна важноста од оваа донација која директно придонесува за
подобрување на БЗР стандардите во институцијата.

„Вложуваме огромни напори, но првенствено сакаме преку личен пример да покажеме дека законите важат за сите, а заштитата на здравјето на луѓето секогаш е наш врвен приоритет. Инспекциските служби се секојдневно на терен и се најдиректно изложени на ризикот поврзан со коронавирусот. Како институција и како Влада правиме сè што е во наша моќ за да го заштитиме нивното здравје. Би сакала да искажам голема благодарност до МЗЗПР кои ја препознаа оваа наша потреба и со донацијата директно придонесуваат во реализацијата на заложбата на Советот“, посочи Филиповска-Грашкоска.

Претседателот на МЗЗПР, Милан Петковски ја истакна важноста на превентивната улога на БЗР и изрази уверување дека ваквиот потег ќе претставува дополнителен поттик за сите општествено одговорни организации со цел дополнителна поддршка и заштита на сите работници во земјата.

„Предавањето на донацијата е уште една потврда дека Македонското здружение за заштита при работа се залага да ги оствари своите цели, односно активно делува на полето на безбедноста и здравјето при работа. Очекувам дека оваа симболична, но важна донација која значи зачувување на здравјето на луѓето и потенцијално спасување на човечки животи, ќе биде поттик и мотивација за други здруженија, поединци и општествено одговорни компании кои на сличен начин ќе дадат поддршка на оние кои катадневно се наоѓаат на првите линии, непосредно изложувајќи се на ризикот од Ковид-19. Наша заедничка обврска е да направиме сè и да ги заштитиме на нивните работни места“, истакна Петковски.

актуелно Ковид-19 МЗЗПР
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.