Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Милано и Белград најпримамливи за Нова Година за македонските граѓани
Забава

Милано и Белград најпримамливи за Нова Година за македонските граѓани

декември 24, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Милано од европските градови и Белград од соседството се градовите каде македонските граѓани годинава сакаат да ги поминат новогодишните празници.

Цените на аранжманите за Милано се движат од околу 150 евра за две ноќевања и околу 200 евра за три ноќевања, а во цената е вклучено разгледување на градот и пречек на Новата година. Големиот интерес за Милано е поради тоа што во новогодишениот аранжман вклучено е и разгледување на Верона, Венеција или Торино.

Од туристичката агенција „ЈК Травел“ која новогодишното патување за Милано го нуди во пакет со Верона за две ноќевања и во комбинација со Торино за три ноќевања, велат дека поголем интерес има за аранжманот со две ноќевања.

Од европските престолнини примамливи се и Виена, Париз и Рим, но за нив цените се движат од 300 до 500 евра, а помал интерес има за Истанбул каде цената во зависност од аранжманот се движи до околу 300 евра со вклучен авионски превоз.

„Има интерес и за Истанбул, но поретко е баран за разлика од Рим и Париз. Аранжманот за Милано можеби е поатрактивен бидејќи турата е споена со Венеција и Верона, а цената изнесува околу 200 евра, велат од туристичката агенција „Савана“.

Од градовите во регионот годинава најатрактивни се Белград и Нови Сад за каде цените во зависност од аранжманот се движат од 100 до 150 евра со вклучен дочек на Нова година и разгледување на градовите и салашите во Нови Сад.

Помал е интересот за зимските туристички центри во соседна Бугарија поради тоа што во цената за новогодишните аранжмани не е вклучена новогодишната вечерва која во просек изнесува од 60 до 70 евра.

„Во Бугарија хотелите имаат задолжителна новогодишна вечера. Моментот е што цените на хотелите се поскапи кога се работи за Нова година, а термините по 7 и 8 јануари се поевтини за 30 отсто во однос на цената што е за Нова година. Новогодишната ноќ од самите хотели изнесува 60 до 70 евра и тоа не зависи од нас, туку е правило од нивна страна. Имаат задолжителна новогодишна вечер, која не е дадена факултативно. Можеби поради тоа за нијанса повеќе е барана Србија во однос на празничната понуда бидејќи во Нови Сад цел аранжман за новогодишната ноќ чини 99 евра, посоуваат од туристичката агенција „Савана“.

Атрактивен и годинава е Златибор во соседна Србија, каде цената за три ноќевања со вклучен новогодишен пречек се движи околу 130 евра. Од туристичката агенција „Атлантик Турс“ велат дека веќе имаат резервирано втор автобус за оваа дестинација.

За љубителите на етно стил туристичките агенции нудат и дочек на Нова година во етно комплексите во Србија каде цените се движат околу 80 евра.

Оние што ќе останат во Македонија ќе треба да одвојат од 1.500 до 3.000 денари доколку сакаат да ја дочекаат Новата година во некои од рестораните и кафеаните, а прославата во домашен амбиент ќе ги чини минимум околу 3.000 денари.

актуелно Белград Венеција Истанбул Милано Нови Сад Париз рим савана
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.