Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Министерот Бектеши ги додели традиционалните признанија на најдобрите рудари
Економија

Министерот Бектеши ги додели традиционалните признанија на најдобрите рудари

август 31, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дванаесет рудари, номинирани од страна нивните работодавци од активните рудници во државата добија посебни плакети за нивната професионална предаденост и постигнатите резултати, на свеченоста организирана по 11. пат од Министерството за економија, по повод Денот на рударите.

„Рударите претставуваат наш бесценет човечки ресурс и должни сме да им обезбедиме што подобри услови за работа“, истакна министерот Бектеши, честитајќи им го нивниот празник.

„Овој важен стопански сектор, како и придружните што го опслужуваат овој комплекс во нашата земја, бројат над 10.000 вработени. Гледано по сектори, Рударството и вадењето на камен учествува со 8,31 % во вкупнато индустриското производство во државата, претставувајќи еден од водечките сектори од индустриското производство, со големо значење за македонската економија“, рече Бектеши додавајќи дека одредени општини во државата, па и пошироки области, речиси во целост се зависни од работењето на еден рудник.

„Македонија како држава е отворена за инвестирање во секоја индустриска гранка, но со почитување на обврската за користење на најсовремените техники и технологии. Оваа Влада ќе стори сѐ што е во нејзина моќ да обезбеди рационално и одржливо експлоатирање на рудните богатства од страна на инвеститорите во рудниците, а истовремено да се обрне максимално внимание на зачувување на животната средина и социјалната благосостојба на околното население“, дециден беше министерот за економија.

Претседателот на Македонската асоцијација за рударство Николајчо Николов ги поздрави рударите како движечка сила на овој сектор кој е базата на нашата индустрија, обрнувајќи внимание на потребата од постојано подобрување на нивните услови за работа од страна на работодавачите. Тој акцентот го стави и на измените на Законот за минерални суровини, предложен од група пратеници во скратена постапка, оценувајќи го како селективен и неприменлив, бидејќи кај законската регулатива секогаш  постои можност за подобрување, но со темелна анализа и експертиза. Според Николов, непотребното негативно влијание насочено на рударскиот сектор никому нема да донесе бенефит, особено затоа што развојот на оваа гранка води до  економски раст за државата, а перспективно влијае врз секој сегмент на општеството.

Министерот Бектеши додели признанија на рударите Душко Тодоровски од „Саса“ – Македонска Каменица, Оливер Најдовски од „Бучим“ Радовиш,  Драган Василев и Зоран Петровски од „Булмак 2016“ од Злетово и од Тораница, Трајче Стојовски од „Мермерен комбинат“ – Прилеп,  Бајрам Несимовски од „Кнауф Радика“ Дебар, Борче Костадиновски од УСЈЕ Цементарница – Скопје, Арсим Исени од „Мали Лошињ“ – Скопје, Мијалче Станојковски од „Гранит“ – Скопје, Насер Мухареми од „Прпарими Пат“ – Тетово и Муса Акментеиз од „Фимар Балкан“ – Прилеп.  Благодарници за особен придонес во областа на минералните суровини, кои ги додели државниот секретар Зоран Павловски, добија Факултетот за природни и технички науки – Штип, Македонската асоцијација за рударство, Државниот факултет во Тетово, Државниот инспекторат за техничка инспекција, Геолошкиот завод на РМ и Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје. Од страна на рудникот „Бучим“ на министерот Бектеши му беше доделена статуетка во знак на внимание и благодарност за грижата за рударскиот сектор.

актуелно бектеши економија рудари рударство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.