Повеќе илјади луѓе се собраа денеска во Минхен за да протестираат против „политиката на страв“.
Според проценките на полицијата на собирот имало 15.000 луѓе, меѓу кои синдикалци, црквени групи, уметници…
многу демонстранти го критикуваа министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер, и неговата Христијанско – социјална унија на Баварија заради обид да ги затвори границите за мигранти.







