Англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед потврди дека со Евертон постигнал договор за трансфер на Ромел Лукаку и дека Белгијанецот ќе потпише повеќегодишен договор откако ќе ги мине медицинските прегледи и ќе ги договори личните услови.
Трансферот е вреден 75 милиони фунти (85 милиони евра) што е вкупно петти во историјата, а со разните бонуси може да достигне и рамно 100 милиони.
Лукаку на тој начин повторно ќе соработува со менаџерот Жозе Мурињо, кај кој во Челси не можеше да избори статус на првотимец, па во 2014 година беше продаден токму на Евертон за 28 милиони фунти.
Тој на „Олд Трафорд“ ќе го замени повредениот Златан Ибрахимовиќ и се очекува да биде ефикасен исто како и во Евертон каде што минатата сезона постигна 25 погодоци во Премиер лигата.
Лукаку кариерата ја почна во Андерлехт, а освен во Челси и Евертон играше и за Вест Бромвич.
За репрезентацијата на Белгија на 57 натпревари постигна 20 голови.







