Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Митревски: Расправа за измените на Изборниот законик ќе има, но надвор од собраниската зграда
Македонија

Митревски: Расправа за измените на Изборниот законик ќе има, но надвор од собраниската зграда

декември 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Расправата за измени на изборниот модел односно за измени на Изборниот законик ќе се одржи надвор од Собранието, а датумот и местото дополнително ќе бидат соопштени, изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован
Митревски.

Јавна расправа по дефиниција на Деловникот, како што кажа сега не може да се одржи.

„Двата изборни закони се носат по скратена постапка. Со оглед на тоа што веќе е закажана Комисијата за разгледување на законите, до кога е и рокот за поднесување на амандмани, а логиката на јавната расправа е со цел да се сумираат мислењата и да се добијат насоки за доставување на амандмани, во оваа насока нема деловничка можност за одржување јавна расправа по дефиниција од Деловникот во Собранието, рече Митревски, додавајќи дека расправа ќе се одржи.

За датумот и часот на одржувањето на расправата ќе информира претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Александар Кирацовски.

„Мислам дека ќе биде надвор од собраниската зграда и ќе бидат поканети многу експерти од оваа област, рече Митревски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ не одговори директно на прашањето дали друг парламентарен состав ќе донесе измени на изборниот модел, туку оти се надева дека партиите ќе го променат својот став.

„Ние уште еднаш ги повикуваме сите политички партии да се вклучат во носењето на измените, рече Митревски.

Тој нагласи дека пратениците од СДСМ се уште ја немаат добиено информацијата на ВМРО ДПМНЕ за загадувањето, а кога ќе ја видат, ќе го кажат своето мислење за неа. Генерално, според Митревски, СДСМ е за дебата во Собранието за загадувањето на воздухот, тема за која што денеска ќе се расправа и на Националниот совет за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

За бројноста на точките на дневен ред на денешната собраниска седница, Митревски рече дека голем дел од законите се усогласување со Законот за прекршоци.

актуелно законик изборен измени расправа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.