Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.
Мицкоски пред присутните истакна дека изминува една загубена година за граѓаните и за државата при што нема напредок ниту пак граѓаните живеат подобро, се владее со лаги и измами.
Имаме една година полна со лаги. Имаме една година полна со нереализирани ветувања, со неисполнети очекувања. Имаме една година позади нас каде што се изгуби она ветување за 500 евра просечна плата, се изгубија оние 100.000 денари ветувања за специјалистите доктори, се изгубија поголемите субвенции за земјоделците, се изгубија поголемите стипендии за младите луѓе, се изгубија сите оние средства кои што треба да бидат одвоени за подобрување на стандардот на младите луѓе, се изгубија ветувањата за поголеми пензии за пензионерите, се изгубија ветувањата за што уште не, а тоа е така затоа што не знаеја што ветуваат, ветуваа напразно и ветува само шарени лаги, истакна Мицкоски.
2-ри јуни е денот кога сите ние треба да ја почнеме нашата битка против сите оние лажни ветувања на Зоран Заев, против сите оние неостварени очекувања, истакна Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека владата доживува економско фијаско, но и дека се покажа дека ветувањето за 500 евра плата е голема лага.







