„Мицкоски: Кој му се заканувал на сведокот од тетовската болница кој сведочи дека му барале мито? Кој сака да ја убие вистината? Оставки на Заев и Филипче за да не влијаат на истрагата.
„Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се барале пари за нега на пациент.
„Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа.
„Прашањето е кој се заканувал?
„Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара?
„За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче иЗаев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност.
„Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери.
Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, статус на Фејсбук
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ







