Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговата посета на Вашингтон се сретна со Претседателот на Меѓународниот Репубилкански Институт, Даниел Твининг, кој на средбата беше придружуван од Регионалниот Директор за Европа, Јан Ерик Суротчак.
„На средбата соговорниците разговараа за билатералните односи помеѓу Република Македонија и САД и заедно се согласија дека е потребно понатамошно развивање на истите.
Мицкоски и Твининг разговараа за загрижувачките трендови во Република Македонија поврзани со владеењето на правото и правната држава. Мицкоски го информираше Твининг за злоупотребите на институциите од страна на владејачката структура“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Во рамките на разговорите посебен фокус се стави на соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Меѓународниот Републикански Институт во процесот на програмска соработка со цел зацврстување на капацитетите на партијата и развојот на демократските процеси во Република Македонија.







