Две кандидатури биле поднесени за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, но прифатена е само кандидатурата на генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски, бидејќи другата не била валидна, потврдија од ВМРО-ДПМНЕ.
Втората кандидатура не била прифатена, бидејќи, како што наведуваат од партијата, била поднесена без потписи. Името на вториот кандидат не се соопштува.
Конгресот за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи утре и задутре во Валандово.
Претходно, г енералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил ја објави својата кандидатура за претседател на партијата.
„Ова за мене лично е една од најсериозните одлуки во животот, целосно разбирајќи ја тежината, честа, но и одговорноста да се води партијата која е вградена во кодот на македонецот и македонската држава и која ќе остане еден од главните темели на нашата татковина, објави Мицкоски на Фејсбук.







