Лидерот на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека законот за јазиците се става на дневен ред токму на денот кога почна воениот конфликт во Тетово.
„Имаме една генерална слика која е навистина спротивна на сето она што се ветуваше со таканаречената програма „За Живот“ во Република Македонија. Имаме случувања кои што комплетно се ретроградни. Имаме страв, имаме терор. Во Скопје имаме убиства, пљачки, криминал кој секој втор ден остануваат неразјаснети.
„Имаме полицајци кои се правдаат дека случајно се повредиле удирајќи се од пајак. Ова е понижување не само на фелата туку на целокупната нација – вели Мицкоски.
Тој рече дека ситуацијата на сите планови во државата е катастрофална и разочарувачка..
„Имаме економија во која имаме раст од 0%, единствена таква е во Европа нема втора таква економија. Економија каде што не можеме да ги исполниме елементарните проекции и покрај тоа што имаме власт која што го имаше целиот буџет на располагање да може да ја истера 2017-тата барем на половина од она што од претходната Влада беше проектирано.
„До ноември месец не убедуваа дека ќе ја исполнат таа цел, но за жал не успеаа и направија утка од некои 150 милиони евра, а и како што гледаме сега никој сеуште не носи никаква одговорност , изјави Мицкоски.







