Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски: Коалицијата за „Обнова на Македонија“ не обединува околу заедничка платформа, цел и кауза чиј врвен интерес е иднината на земјата
Македонија

Мицкоски: Коалицијата за „Обнова на Македонија“ не обединува околу заедничка платформа, цел и кауза чиј врвен интерес е иднината на земјата

март 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Скопје потпиша Договор за предизборна коалиција за „За Обнова на Македонија“ со 15 помали политички партии.

Параф на Договорот покрај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ставија и претседателите и претставници на Социјалистичка партија на Македонија, ГРОМ, Демократско национално единство на Турците, Демократска партија на Србите, Демократска партија на Ромите, Демократски сили на Ромите, МААК, Нова либерална партија, Партија на Власите, ПОДЕМ, Роми обединети за Македонија, Работничкоземјоделска партија на Македонија, Српска напредна странка, Странка на демократска акција на Македонија и со Титови леви сили.

На докуметот се потпишаа и тројца поединци поддржани од избирачи.

По потпишувањето на Договорот, Мицкоски истакна дека ова е најбројната победничка коалиција која ќе настапи на предвремените парламентарни избори на 12 април и ќе ја формира идната влада.

„Ние се обединуваме околу заедничка платформа, вредности и принципи во кои веруваме. Затоа што самото име на Коалицијата кажува дека она што во овој момент и е најнеопходно на нашата татковина е токму обновата. Обновата не е само слоган или пак политичка фраза, туку суштина и вредност која мораме да ја исполниме затоа што тоа е насушна потреба на држава која е западната во тешка криза, разурнати вредности, и сериозно разнишани институции. Како Коалиција имаме одговорност пред нас самите да работиме напорно за постигнување на резултати кои ќе донесат подобра иднина и поголема сигурност за сите во државата, но пред се имаме одговорност кон граѓаните кои во нас гледаат надеж за подобри времиња“, рече Мицкоски.

Тој како политичар и Коалицијата за обнова на Македонија, рече, мора да покажат дека може подобро и мора поинаку.

Одбивам партиски да се  пресметувам, да говорам само за проблеми, затоа што во исто време ќе критикувам, но и ќе нудам решенија.

Со зборови нема да кажувам колку сме различни од власта и СДСМ, туку со дела ќе ја направиме разликата од кои најголема корист ќе имаат токму граѓаните.

Токму затоа сите реформи, сите заложби, принципи и вредности околу кои се обединуваме можеме да ги обединиме под името на еден значаен проект кој се нарекува обнова на Македонија, нагласи Мицкоски.

Како коалиција ветија макотрпна работа која , рече, ќе донесе повеќе резултати за секого меѓу кои: зголемени плати за 25 проценти, рамен данок од 8 отсто, зголемени пензии за 20 отсто, странски и домашни инвестиции од најмалку четири милијарди евра, гасификација на земјата и бесплатен приклучок за гас на секое семејство, изградба на мрежа од четири клинички центри во земјава, нулта толеранција кон корупцијата, реконструкција на сите регионални патишта во државава или најмалку 1000 километри патишта со нов асфалт и ново автопатско поврзување на Велес, Прилеп со Битола, изградба на нови експресни и брзи патишта.

Иако во периодот пред изборите е време кога се ветува се и сешто, секој од граѓаните, посочи тој, треба да се запраша кому би му ја довериле довербата, а нивната доверба е најтешката обврска која може еден човек да ја прифати, затоа што таа е одговорност која мора потоа и да се исполни.

„Идната победничка Коалиција значи обединување околу идеја, цел и кауза каде врвниот интерес е иднината на Македонија. Ова е најбројната Коалиција околу која се обединуваат Македонците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, Коалиција на работниците, средната класа, на земјоделците, стопанството, невработените, сиромашните, на оние кои сакаат промени. А воедно во име на таа обнова ги повикувам и останатите граѓани, Албанците, Египќаните и сите останати да поддржат обнова која ќе значи подобар живот, повеќе за секого, повеќе пари, повеќе економија, повеќе иднина, повеќе инвестиции, повеќе решени проблеми, повеќе остварени ветувања“, истакна Мицкоски.

Ова е, рече, блокот за обнова кој ќе испрати во пензија политичари кои го разочараа народот и ќе донесе повеќе за секого.

„Денес и официјално со Коалицијата за Обнова, која е коалиција на обичниот народ кој сака промени, го започнуваме финалето на една битка за подобар живот во кој секој глас е важен. Победата е извесна, а она што доаѓа по неа се вистинските промени кон подобро кои ќе донесат повеќе за секого. Вистински бум од работа, вистински бум резултати кои ќе донесат европска иднина тука во нашите домови“, рече Мицкоски.

Слоганот и програмата на Коалицијата за претстојните избори, како што беше истакнато, ќе бидат објавени во наредните денови.

„Обнова на Македонија“ актуелно коалиција мицкоски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.