Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски: Нема разговори со СДСМ за законот за јавно обвинителство
Македонија

Мицкоски: Нема разговори со СДСМ за законот за јавно обвинителство

февруари 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Нема разговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Законот за јавно обвинителство, потврди денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски кој уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија е за закон за јавно обвинителство, но за закон кој што ќе биде правичен и што ќе нуди правда за сите граѓани во државата без исклучок дали се партиски определени или не, или на кој етникум и припаѓаат, закон во кој што ќе се гарантира вистинска правда и ќе биде честит.

СДСМ ако собере мнозинство, додаде тој, може да го донесе законот што ќе се носи по скратена постапка.

-Ова што денеска ни се предлага не е таков. Не знам што е чудно експертите да седнат, кои беа дел од собраниската расправа, без разлика дали овој или следниот парламентарен состав. Безусловно ви велам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тој закон ќе го поддржи. Колку повеќе губиме време во создавање на артефицијални мнозинства, толку повеќе ги разочаруваме граѓаните затоа што граѓанинот чуствува дека не е суверен на својот глас затоа што бадијала граѓанинот излегува да гласа кога некој како Заев ќе може да формира на сила парламентарно мнозинство од 80 пратеника или 50 или 61, и ќе поддржи определено законско решение. Да не ве чуди ова што денеска ни се случува во насока на празнење на државата, изјави Мицкоски на прес-конференција.

Кај нас, додаде тој, имаме пазарење на отворена сцена и ние тоа го премолчуваме и дури велиме така треба.

-Тоа за мене е скандалозно. Не само што се уништува интегритетот на луѓето туку треба да се вразумат тие што го прават тоа дека на краток рок уништуваат човечки животи. Апелирам, да ги остават луѓето на раат. Немојте да вршите притисоци, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски мпрашања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека дека државата има целосно партизиран Буџет,  узурпирање и злоупотреба во насока на поткуп пред предвремените парламентарни избори, масовно партизирање на администрацијата со повеќе од 6.000 нови вработувања, како и дека во сите општини каде што СДСМ има градоначалници масовно се објавуваат конкурси за привремени вработувања. Мицкоски кажа дека ние сме можеби единствената држава каде што имотот на опозицијата е замрзнат и дека ако некој сака „како било да ја помогне опозицијата и е забележан на периметар од 10 метри од оваа зграда следниот ден е нападнат со сите можни инспекции во државата“.

-Во услови кога сигурно нема да биде законски гарантираното финансирање на политичките партии ние не го поставуваме прашањето за кредибилност на следните предвремени парламентарни избори, ние зборуваме за нешто за што ВМРО-ДПМНЕ се произнесе сто пати во минатото, рече Мицкоски посочувајќи на законот за јавно обвинителство.

Лидерот на опозоцијата кажа дека нема намера да преговара за пролонгирање на датумот за распуштање на Парламентот, како што се најавува.

– Јас сум сериозен човек и кога ќе постигнам договор, јас договорот го почитувам. Договорот е постигнат на 12 февруари да се распушти Собранието, на 12 април да имаме предвремени парламентарни избори. За мене тој договор е завршен. Тука немам никаква дилема, ниту пак имам намера да преговарам ниту пак имам намера телефони да вртам ниту да пристискам, рече Мицкоски.

За барањето на ДУИ за прекројување на изборните единици каде што е пречекорен законскиот праг, лидерот на опозицијата апелираше до сите политички партии да ја напуштата дневно политичката агенда и да гласаат за измените согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.

– Ние разговаравме и преговаравме со СДСМ за измените во Изборниот законик. Најголемиот дел од тоа што го договаравме не успевме да го договориме, но околу едно имаме консензус да се примена препораките од ОБСЕ/ОДИХР. Апелирам до сите политички партии да го напуштат оној дневно политички театар кој што го прават и едноставно да покажат да зрелост да влезат во парламентот и тоа што е препорака на ОБСЕ/ОДИХР за да имаме колку толку кредибилен процес да го поддржат без какви било условувања, рече Мицкоски.

Во врска со обвинувањата дека ќе работат на поништување на Договорот од Преспа, тој кажа дека  Договорот е реалноста, и дека не можеме да ја игнорираме оваа реалност, но оти „онаа неправда која што е нанесена, што чуствуваме дека е неправда, демократски, европски е да се бориме да ја промениме„. Дали ќе успееме, додаде тој, времето ќе покаже.

Мицкоски кажа дека разговараат со повеќе политички партии за коалицирање, дека помалите партии нивни досегашни партнери веќе ја потврдиле коалицијата, но исто така дека разговараат и со партии што сега се во коалиција со СДСМ.

актуелно закон јо мицковски сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.