Македонија има урнисана економија, руинирано здравство, граѓаните ја чувствуваат беспарицата, државата се задолжува, а парите ги нема. Со овие зборови им се обрати лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со граѓаните и членови на општинскиот комитет на партијата во Охрид.
Оваа турнеја на Мицковски низ градовите, доаѓа во пресрет на најавениот митинг на опозициската партија кој ќе се одржи на 2 – ри јуни. Ова е најлоша влада досега, ние ќе понудиме програма за подобра иднина на граѓаните, рече Мицкоски.
“Ќе биде главниот предизвик на сите нас, како овие млади луѓе да ги задржиме во Македонија. Како луѓето Македонци да ги задржиме во нивната родна Македонија. Како ќе понудиме решенија и кои ќе бидат тие решенија за нивните проблеми да вистински се чувствуваат свои на своето во својата родна Македонија.
„Тоа ќе биде нашиот најголем предизвик браќа и сестри. Бидејќи сонот на мојата генерација не успеа да се досонува. Не успеа поради транзицијата и транзициските политичари. Тоа ќе биде новата програма пред сите вас ветуваме дека тоа што ќе го понудиме, тоа и ќе го реализираме”, изјави Мицкоски.







