Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицотакис: Ќе се бориме да ја поддржиме вистинската, автентичната Македонија
Македонија

Мицотакис: Ќе се бориме да ја поддржиме вистинската, автентичната Македонија

април 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ќе се бориме да го поддржиме името или брендот Македонија, вистинската Македонија би рекол, автентичната Македонија. Автентична Македонија, на англиски би било real Macedonia, тоа е нашата Македонија, вели претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија „Алфа“ и објаснува дека неговата партија ќе започне комуникациска кампања за „поддршка на Македонија“.

Мицотакис, додава дека ова се однесува на производите и трговските ознаки, но и на европската перспектива на соседната земја, повторувајќи го правото на блокада, но не априори како што вели, туку само „доколку тоа не им служи на националните интереси“ и уште еднаш потенцира дека ќе направи сѐ што може за да ги ублажи „негативните последици“ од Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

„Ќе се бориме за да можеме уште поинтензивно да ја промовираме уникатноста на Македонија. Да дадам еден пример: за неколку месеци свечено ќе се отвори Музејот на Вергина. Навистина би сакал ова да е голема можност за да можеме на целиот свет да му ја претставиме големината на македонската цивилизација. Со други зборови, во рамките на договорот ќе ги одбраниме нашите национални интереси и во однос на интегративниот тек на соседната земја. За ова сум многу јасен. Грција ја задржува, за секое поглавје што се отвора и затвора, можноста да го блокира интегративниот процес, доколку се процени, тоа не го велам априори, велам, доколку се процени дека не им служи на националните интереси, вели Мицотакис.

Во однос на Договорот од Преспа, лидерот на Нова демократија повторува дека тие направиле сѐ што можат за да не биде ратификуван во Парламентот и дека се уште очекува од Ципрас и неговите пратеници да им дадат објаснувања на граѓаните од северна Грција. Мицотакис коментира дека „сериозно се сомнева дали ќе можат да ги убедат“.

„Навистина би сакал, ако може СИРИЗА, а не може, да одржи организирана дискусија и на некој начин да им објасни на Македонците, на сите Грци зошто на крај, овој договор е добар, вели Мицотакис во интервјуто.

Тој уште еднаш повторува дека не добиле одговор од владата зошто со договорот се дава можноста за соседите „да се нарекуваат Македонци и да говорат македонски јазик“.

„На основниот аргумент, зошто дадовме јазик, идентитет и националност, господинот Ципрас никогаш не одговори. Зошто требаше денес да им дадеме можност на нашите соседи да се нарекуваат само Македонци, да говорат македонски јазик, јазик кој не го признава ниту Бугарија?, коментира лидерот на најголемата грчка опозициска партија во интервјуто за ТВ „Алфа“, пренесе МИА.

На прашањето дали е чест за Грција, номинацијата на Ципрас за Нобеловата наградата за мир поради Договорот од Преспа, Мицотакис одговара негативно.

„Не сметам воопшто дека е чест, бидејќи е лош договор, кусо одговара претседателот на Нова демократија.

автентичност актуелно вистина македонија Мицотакис
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.