Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ММФ: Економскиот раст ќе забрза во 2020 година
Економија

ММФ: Економскиот раст ќе забрза во 2020 година

јануари 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Eкономијата влезе во период на солиден раст кој се очекува годинава да забрза, додека реформите со цел справување со неформалниот сектор ќе помогнат во подобрување на деловната клима и ќе ги заштитат работниците, а исто така ќе имаат и потенцијално големи придобивки во смисла на приходи. Ова се дел од заклучоците од извештајот за Член 4 на редовната мисија на Меѓународниот монетарен фонд во земјата.

Во извештајот, како што соопштуваат од Министерството за финансии, се наведува дека по долготрајната политичка криза, македонската економијата влезе во период на солиден раст и стабилност. Се вели дека се очекува растот дополнително да зајакнува во текот на годинава, придвижен од силната домашна побарувачка и солидниот раст на извозот, и покрај забавувањето на меѓународната трговија. Кредитната активност е зголемена, вклучително кредитите наменети за компаниите. Невработеноста, иако и понатаму висока, покажува одржливо намалување, поддржано од значителното креирање нови работни места, се вели во изјавата.

Според ММФ се очекува економскиот раст за годинава е проектиран на 3,4 отсто, што е подобрување на проекцијата за 0,3 процентни поени во однос на пролетната проекција. Пониските даноци и повисоките пензии и плати, вклучително и минималните плати се очекува да бидат дополнителен, иако еднократен, стимул за потрошувачката. Растот на извозот и инвестициите ќе остане солиден, иако ќе забави, што е одраз на слабиот раст кај трговските партнери. Ова забавување би можело да стане поизразено доколку се влошат трговските тензии на глобално ниво или доколку се одложат инвестициските планови поради неизвесноста во текот на изборниот период.

Од Фондот ги поздравуваат реформите во насока на сузбивање на сивата економија и посочуваат дека тие се на високо место во владината агенда. ММФ посочува дека неформалната економија е штетна бидејќи формалните бизниси се соочуваат со нелојална конкуренција од оние што не плаќаат даноци или не се усогласени со регулативите, работниците во неформалниот сектор се лишени од работничките права, а јавните ресурси се намалени. Во завршната изјава од оваа мисија, претставниците од ММФ посочуваат дека приоритет треба да биде зајакнување на ефикасноста на управување со приходите како и на правната усогласеност, во комбинација со мерки со кои се зголемува довербата на јавноста во институциите и се јакне даночниот морал.

Реформите за адресирање на клучните институционални и слабостите на пазарот на труд ќе помогнат во подигнување на среднорочниот раст и забрзување на изедначувањето на приходите, се вели во завршната изјава на мисијата. -Иако во последниве децении растот беше солиден, истиот не беше доволен за да може значително да го стесни големиот јаз во доходот помеѓу ЕУ и Северна Македонија. За да се забрза изедначувањето на приходите, од суштинска важност е да се продолжи со реформите за подобрување на јавната администрација, владеењето на правото и контролата врз корупцијата. Ова би требало да се надополни со напори во насока на создавање физички капитал со оглед на инфраструктурните јазови како и за зајакнување на човечкиот капитал со цел адресирање на недостатокот и несоодветноста на вештините, вклучително и преку стручно образование и обука и поголемо користење активни политики на пазарот на труд со кои се подобруваат вештините, наведуваат од Фондот.

актуелно економски раст ММФ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.