Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МНР жали за случувањето на вчерашната прес-конференција, останува отворено за медиумите
Во Фокусот

МНР жали за случувањето на вчерашната прес-конференција, останува отворено за медиумите

февруари 2, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за надворешни работи изрази жалење што за време на последната прес-конференција на министерот Никола Димитров и медијаторот Метју Нимиц, некој од вработените во службата за односи со јавност постапил несоодветно во одредување на редоследот за поставување прашања и предизвикал новинар да се чувствува непријатно при вршењето на своите задачи и оти останува посветено на принципите на партнерство и отвореност со медиумите.

„Вработените во службата за односи со јавност се задолжени за водење на прес-конференциите, што понекогаш подразбира адекватно одредување приоритет на редоследот на прашањата согласно праксата на МНР. Жалиме доколку тоа понекогаш предизвикува непријатности за домашните редакции, а особено се извинуваме што за време на последната прес-конференција, некој од вработените во службата за односи со јавност постапил несоодветно и предизвикал новинар да се чувствува непријатно при вршењето на своите задачи – се вели во соопштението од МНР.

Тоа, додаваат оттаму, „не е наша намера, напротив, сакаме новинарите да го чувствуваат МНР како институција – партнер, која ги обезбедува најсоодветните услови за нивна работа“.

„Во конкретниот случај, новинарот од редакцијата постави прашање на кое што му беше одговорено, при тоа, земајќи збор на новинар од странски медиум кој што веќе поставуваше прашање, што во секој случај не е оправдување за нашата грешка – посочуваат од МНР.

Според МНР, понекогаш околностите се такви што на прес-конференциите, особено кога има меѓународни претставници каде нивната агенда го ограничува времето на настанот, објективно нема можност да обезбедат простор сите прашања да се постават на лице место.

Во такви случаи, велат, праксата налага балансиран пристап меѓу меѓународните и домашните медиуми, имајќи предвид дека тие ја имаат само таа можност за прашање, а за домашните медиуми МНР е достапно во секое време.

Истакнуваат и дека уште во текот на истиот ден, кабинетот на министерот за надворешни работи се обратил до главниот и одговорен уредник на редакцијата, при што било пренесено извинување во име на Министерството.

„Владата на Република Македонија и МНР постојано инсистираат на фер, транспарентен и партнерски однос со медиумите. Континуирано работиме на тоа да ги унапредуваме односите со новинарите и со јавноста и искуствата покажуваат дека за кусо време сме успеале да создадеме атмосфера на доверба, отвореност и пријатна работна атмосфера за новинарите во МНР – велат од Министерството.

По првичните сознанија од вчерашната прес-конференција од МНР ја разгледуваат можноста да го ревидираат системот на давање збор на прес-конференциите, во насока на овозможување поефикасно искористување на времето посветено за прашања.

„Во комуникација сме со редакцијата како и релевантните новинарски здруженија, со кои работиме на тоа да овозможиме уште подобра работна атмосфера, се вели во соопштението.

Тоа, наведуваат од МНР, е процес во кој сите предлози се добредојдени и бараат професионализам и посветеност од сите засегнати страни.

„Ние остануваме посветени на принципите на партнерство и отвореност со медиумите – се вели во соопштението од МНР.

актуелно димитров конференции медиуми министерство МНР
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.