Најдобар играч на Светското фудбалско првенство во Русија е хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ. Нему му припадна „Златната топка“.
Втор во трката за овој трофеј беше Белгијанецот Еден Азар, а трет Французинот Килијан Мбапе.
За најдобар млад играч на Мундијалот е прогласен Килијан Мбапе.
Најдобар стрелец на турнирот со шест постигнати голови е англискиот напаѓач Хари Кејн, додека најдобар голман е Белгијанецот Тибо Куртоа.







