Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МОЖЕ ДА ПРАВИ ШТО САКА: Премиерката која го полуде светот со видеата од забавите, се повлекува од тронот
Европа

МОЖЕ ДА ПРАВИ ШТО САКА: Премиерката која го полуде светот со видеата од забавите, се повлекува од тронот

април 10, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сана Марин стана премиерка на Финска на 34-годишна возраст, успешно ја водеше својата земја низ пандемијата „Ковид-19“ и ја внесе земјата во НАТО, а ја преживеа глобалната прашина што се појави поради нејзината љубов кон „лудите“ ноќни излегувања, заради што многумина ја критикуваа, а уште повеќе од нив ја поддржуваа.

Но, изминатата недела, оваа „тврда“ рокерка објави дека времено се повлекува од политиката и дава оставка од позицијата лидер на партијата откако нејзината Социјалдемократска партија го освои третото место на општите избори.

Марин се огласи само неколку часа откако поранешната новозеландска лидерка, 42-годишната Џасинда Ардерн, левичарска колешка со која често ја споредуваат, го одржа својот поздравен говор во парламентот во Велингтон.

Сепак, се поставува прашањето дали играта навистина е завршена за поранешната финска премиерка, кој се повлече по помалку од три и пол години на големата сцена.

Или можеби само прави пауза пред да се врати на европската или светската сцена, пишува британски „Тајмс“.

Социјалдемократите храбро ги поднесоа резултатите од изборите минатата недела, по што задачата за формирање влада му беше дадена на нивниот политички ривал, 53-годишниот Петри Орпо, велат мирна личност за која е поверојатно дека човек ќе ја сретне на планинарење или риболов отколку на танцувачки подиум. Тој е лидер на Партијата на национална коалиција.

„Владата губи, а опозицијата добива. Тоа е динамиката на политиката“, рече Антон Ронхолм, секретар на Социјалдемократите, истакнувајќи дека, под водство на Марин, неговата партија го зголемила својот дел од гласовите, што е подвиг кој во модерната финска политика е постигнат само двапати додека лидерот на партијата е во исто време и премиер.

„Беше најпопуларниот кандидат за премиер, но, се разбира, очигледно и предизвика поделби“, додаде.

„Успешните млади левичарки главно се ‘црвена крпа’ за многу постари десничарски гласачи“, истакна Ронхолм.

 

Економската политика ја доведе до пораз

„Сигурен сум, видеата од раскалашеното забавување, кои станаа вирални минатото лето, не се вистинската причина за поразот на Сана Марин на последните избори“, смета тој.

Предизборната трка, вели, се фокусирала на тоа како најдобро се фатите во костец со економските потешкотии кои Финска ја погодуваат многу потешко од нејзини соседи и како да се справите со нив.

И покрај тоа што по шести пат беше прогласена за земја на најсреќните луѓе во светот, Финска минатата есен падна во рецесија поради енергетската криза, а нејзината економија, според проценката на централната банка, оваа година ќе се намали за дополнителни 0,2 отсто.

Марин бараше пат за излез од рецесијата дозволувајќи државниот долг во меѓувреме да се зголеми, но партијата на Орп наместо тоа ги повика Финците да ги затегнат ремените, успешно повикувајќи се на традицијата на фискален конзерватизам во земјата.

„Расправата за јавниот долг е повеќе морално или културно отколку економско прашање во Финска“, се пожали Ренхолм.

Сличен став имаше и партијата Вистински Финци, екстремно десничарски националисти, кои постигнаа втор најдобар резултат на изборите.

„Општата слика беше дека ова е победа на овие две опозициски партии, кои заедно освоија шест процентни поени“, рече Анти Ронкаинен, експерт за политичка економија од Универзитетот во Хелсинки.

Премиерката во заминување, додаде тој, отиде на „сè или ништо“ водејќи „агресивна“ кампања против Орп и Риика Пури, популарна лидерка на Вистинските Финци, но „луѓето сакаа промена на коалицијата на Марин“.

Јасно давајќи до знаење дека нема да преземе министерска улога во каква било нова влада, Марин ја намали политичката температура на финската политичка сцена и ја остави отворена малата можност Орпо да склучи сојуз со нејзината партија.

Но, поверојатно е дека тој ќе оди во коалиција со Вистински Финци, кои ги делат неговите конзервативни економски погледи, иако нивниот цврст став кон имиграцијата, скептицизмот за климатските промени и непријателството кон Европската унија може да се покажат како проблематични.

Во секој случај, на Орпо ќе му треба барем една од шесте помали партии во парламентот.

Заминувањето на Сана Марин ќе биде особено тешко за многу граѓани на Тампере, кој се наоѓа во изборната единица од каде што таа беше пратеник од 2015 година.

Овој пат речиси дури двојно ги зголеми своите гласови во споредба со претходните избори во 2019 година.

Тој град, трет по големина во Финска, беше во средиштето на поголемиот дел од нејзиниот личен и професионален живот, а таа сè уште има стан таму.

Во скромна еднокатна дрвена куќа во Пиркала, мало место од отприлика 10.000 луѓе оддалечено неколку километри, таа го поминала поголемиот дел од своето детство.

 

Никогаш не го откри идентитетот на мајка и’

Студирала на Универзитетот во Тампере, дипломирала административни студии додека истовремено хонорарно работела во угостителски објект во локалната подружница на стоковната куќа „Сокос“.

„Жал ми е што си оди. Знаеше да ја работи таа работа и добро е што е жена. Не сум сигурна за новиот премиер“, вели 19-годишната Вилма Коски, една од сегашните вработени во објектот и гласач на Сана Марин.

Како студентка, Марин се „нурна“ во прогресивната политика, поминувајќи време со пријателите кои ја делеа нејзината страст за еднаквост, социјална правда и животна средина.

Меѓу оние што ги импресионираше беше и 38-годишната Тиина Исоталус, сопартијка, која сега го предводи градскиот совет на западниот град Коколи.

„Сите во нашата група беа многу општествено свесни и беше очигледно дека сака кариера во политиката. Секогаш одеше на состаноци“, вели таа.

Марин знаеше и добро да се забавува – се чини сосема соодветно, нејзината прва работа во студентскиот сојуз било „организирање забави и екскурзии“. Токму на универзитетот идната премиерка на Финска го запознала својот партнер, 37-годишниот Маркус Раиконен, кого Тиина Исоталус го памети како „многу убаво момче, со двете нозе на земја и многу културно“. Двајцата ја добија ќерката Ема во јануари 2018 година и се венчаа во август 2020 година.

Таа е малку „затворена“ од своите колеги студенти кога е во прашање нејзиниот приватен живот.

Кога била мала, нејзината мајка, чиј идентитет никогаш не го откри, се развела од нејзиниот татко алкохоличар, Лаури, и започнала врска со друга жена која и помогнала во одгледувањето.

„Тоа е нешто за што не можеше да се разговара. Не не препознаваа како вистинско семејство или рамноправни со другите““, рече таа еднаш.

Со татко и останала на дистанца, како што откри во 2020 година, не долго откако стана премиерка.

„Ако ме прашате дали се чувствувам како да имам татко, се чувствувам дека немам“, изјави таа за британски „Вож“.

Нејзиниот татко починал во јуни 2020 година на 65-годишна возраст, а Марин наводно не присуствувал на неговиот погреб.

И покрај проблемите дома, нејзиниот политички подем беше неверојатен – неколку месеци откако беше избрана во градскиот совет на Тампере, на 27-годишна возраст, таа стана градоначалничка. Две години подоцна, во 2014 година, таа беше избрана за потпретседател на социјалдемократите во Финска. Во 2015-та беше избрана во парламентот.

„Постојат две причини за историскиот подем на Сана Марин. Прво, таа е тактичен политичар и второ, таа е политичарка која има среќа“, вели Микаел Јунгнер, поранешен секретар на партијата.

 

Десничарските таблоиди ја „растргнуваа“

Кога се појави Ковид-19, набргу откако дојде на власт, Марин ги импресионираше своите сонародници со нејзиното мирно, компетентно справување со кризата.

Нејзината влада доби пофалби за брзината со која ја внесе Финска во НАТО, на која земјата официјално се приклучи во вторникот.

Марин, како и многу други Финци, долго време беше против членството, но тоа се промени по руската инвазија на Украина во февруари минатата година.

Поконтроверзен беше нејзиниот социјален живот, за кој рече дека „прави секакви работи кои се нормални за моите години“, но кои нејзините противници ги опишуваа како непристојни за премиерка.

И додека престижните списанија ја сакаа поради нејзиниот младешки стил, нејзиното забавување им дојде како „дар од небото“ на десничарските таблоиди, кои беа непоколебливо непријателски расположени кон неа.

Минатото лето протече видео на кое се гледа како Марин танцува во 4 часот наутро во клуб во Хелсинки заедно со еден поп пејач и со уште неколку радио и телевизиски водители.

Поради тврдењата дека некои од присутните користеле дрога, таа се тестираше и имаше негативен тест.

Марин на чело на партијата ќе остане до есен, додека не се избере нејзиниот наследник. Веќе наголемо се шпекулира за нејзиниот следен потег, и покрај нејзиното инсистирање на тоа дека ќе остане пратеник во Парламентот.

Тиина Изоталус не мисли дека долго ќе биде задоволна седејќи во сенка.

„Има секакви работни места отворени за неа. Повлекувајќи се со 37 години како премиерка и глобално позната, може да прави што сака“, заклучи Изоталус.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Твитер и Инстаграм)

актуелно Ковид-19 НАТО Сана Марин финска Хелсинки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.