Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Можни нови рестриктивни мерки, се влошува состојбата со Ковид-19
Македонија

Можни нови рестриктивни мерки, се влошува состојбата со Ковид-19

септември 23, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Состојбата со Ковид-19 станува се полоша. На дневно ниво се зголемува бројот на заболени, а според надлежните главната причина за ова е непочитувањето на мерките. Токму затоа, можно е воведување на нови рестрикции, а најмногу се размислува за задолжително носење маски на отворено, ограничување на бројот на лица на одредени места, но и засилени контроли и казни.

Главната причина за зголемување на бројката, според анализите на надлежните, се должи на непочитување на мерките и тоа пред се групирање, семејни собири, прослави и свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека деновиве ќе информираат за новите мерки што се планираат согласно стратегијата која е развиена од Комисијата за заразни болести.

Задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителски објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави во затворени простори, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено, односно за бројот на посетители, дистанцата на седење, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз се дел од мерките кои се разгледуваат.

Карантиот, појасни министерот, не го планираат и се надеваат дека нема да стигнеме до таму, и затоа мерките се помеки.

Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат.

Според Филипче, апсолутно е недозволиво покрај сите најави за ризиците што ги носи овој период значителен дел од граѓаните и понатаму да не ги почитуваат и да ги прекршуваат мерките. Недозволиво е како што рече, и сериозен дел од бизнисите, пред се од угостителскиот сектор да не ги почитуваат превентивните мерки.

-Да ги почитуваме мерките и да не дозволиме да се преполнат болниците.

Непочитувањето на мерките ќе значи оптоварени и изморени здравствени работници кои заради зголемениот број пациенти нема да можат да пружат соодветна нега и грижа. Да ги почитуваме мерките, бидејќи тоа значи истовремено и почит кон здравствените работници, порача вчера на прес-конференција министерот за здравство Веко Филипче.

Појасни дека иако во моментот вкупниот капацитет на болниците е во сосема добра состојба, еден од најголемите ризици беше и останува притисокот врз здравствениот систем. Свесни дека повеќе од сигурно ќе се соочиме со есенски бран, потенцира, уште на почетокот на летото го подготвуваме здравствениот систем, ги зголемуваме капацитетите на болниците, функционира системот на ротација на лекари и медицински сестри.

И покрај можните ризици, сепак останува препораката училиштата да почнат со работа. За дневниот престој, се чекаат конечните бројки од МОН.

-Засега останува препораката дека училиштата може да почнат со работа.

Ако го следиме функционирањето на градинките, секојдневно практично ги пратиме бројките и епидемиолошките мини случувања во однос на појава на мини кластери во рамките на поединечни општини за во таа смисла да може да интервенираме или да дадеме дури и некоја таргетирана препорака во некој еден одреден дел од земјата.

Значи, не на територијата на целата земја и тоа не само врз основа на бројката, туку и
врз основа на епидемиолошките податоци, односно како тие луѓе се заразиле, кои биле контактите итн, рече Филипче.

Ковид-19 е се поприсутен меѓу работноспособното население, а најголем број на заболени имаат над 60 години.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 88 случаи на заболени со Ковид-19, од вкупно 1618 тестирања.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867. Оздравени се вкупно 14084 пациенти, а починале 705. Во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078, најмногу во Скопје 564, во Куманово 215, Тетово 134 и во Прилеп 119.

Во болниците од Ковид-19 се лечат 341 пациент, од кои 43 се на кислородна поддршка, а четворица се на респираторна машина.

актуелно влошување Ковид-19 мерки рестриктивни состојба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.