Најмалку 18 лица загинаа како последица на монсунските дождови во последната недела во Пакистан.
Според локалните медиуми, вчера биле убиени три лица.
Обилните монсунски дождови повторно ги погодија областите каде што во поплавите минатото лето загинаа повеќе од 1.700 лица.
Сезоната на монсуните официјално започна во Пакистан оваа недела и ќе трае до септември.
Во градот Лахоре вчера за девет часа наврнаа рекордни 272 милиметри дожд.
Градот е поплавен, а екипи се на терен и чистат.
Последен пат ваква поплава во Лахоре беше пред 30 години, изјавија официјални лица. Силен дожд имаше и во Исламабад.
Националната служба за управување со катастрофи ги предупреди локалните власти да се подготват за вонредни ситуации како што се поплави и лизгање на земјиштето.
Големите поплави минатото лето ќе предизвикаат штета од 30 милијарди долари.
ФОТО: ЕПА – ЕФЕ