Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МОФ: Голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање
Во Фокусот

МОФ: Голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање

јули 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Младински образовен форум со ученици од девет училишта од пет града реализираше анализа за нивните искуства од далечинското учење со цел креирање на конкретни препораки и подобрување на системот на далечинско учење кој за прв пат се имплементираше во нашиот образовен систем.

Учесниците на фокус-групите зборувале за генералното искуство со концептот на далечинско учење, спроведувањето на наставата, комуникацијата со наставниците, како и за начинот на оценување на нивните знаења.

Учениците потенцирале за невоедначеното предавање на наставните содржини, потешката комуникација со професорите, недостатокот на учебни материјали, но и нефер оценувањето и просторот за препишување и мамење на тестовите.

Недостигот на образовниот систем е тоа што голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање.

Во фокус-групите, средношколците споделуваа дека за нивните професори било тешко да ги закажуваат онлајн средбите и дека нивната неподготвеност за работа со технологија сериозно влијаела на онлајн наставата.

„Tребаше да се вклучат повеќе. Професорите не се залагаа. Ние им велевме на немотивираните професори дека ќе организираме ЗУМ средба, а тие треба само да се вклучат’, вели еден од учесниците на фокус групите. Оттаму посочуваат дека загрижува тоа што начинот на спроведување на далечинското учење не успеа да обезбеди еднакво образование за сите ученици–имплементацијата се разликува од училиште во училиште, па дури и помеѓу професорите во исто училиште.

„Кај нас секој професор имаше своја дефиниција за далечинско учење. Немаше унифицираност. Само еден професор се трудеше и другите професори го исмејуваа“, споделувал еден од учесниците на фокусгрупата. Во текот на далечинското учење, единствен помагател на учениците беа учебниците кои веќе ги имаа на располагање.

„Книгите не ми помагаа многу, ми требаше некој да објасни. Многу натежнуваа професорите да се користиме со интернетот, иако треба да се користат и книгите, нагласува учесник во фокус-групата. Иако учебниците во нашиот образовен систем се бесплатни и достапни за сите ученици,
во услови на дигитално образование, материјалите за учење не беше лесно да стигнат до сите, учесниците споделија и дека дел од нивните соученици не можеле да стигнат до учебните материјали“, се наведува во анализата на МОФ.

Од МОФ истакнуваат дека преминот од офлајн во онлајн просторот го отежнува процесот на изведување на настава за сите учесници во процесот (ученици, професори и надлежни институции) и ги изнесува на виделина веќе постоечките проблеми со образовниот систем на државата како недостаток на дигитализација и технолошка неподготвеност на наставниот кадар.

„Пред сè, мора да се води сметка за инклузивноста на образовниот процес, градење на капацитетите на професорите за работа на дигитални платформи и виртуелна работа со ученици, решавање на проблемот со недостаток на компјутерска опрема во семејствата со повеќе ученици, но и креирање на конкретен план и програма за компетенции кои целиме да ги изградиме и развиеме кај учениците во оваа академска година“, нагласува МОФ.

Изминатите месеци, велат од МОФ, училиштата беа оставени сами на себе при изведбата на наставата, изнаоѓајќи различни начини кои не секогаш беа функционални и ефективни во смисла на квалитетно предавање на наставниот материјал.

„Оттука, токму и поради недостатокот на унифициран пристап и јасни насоки дадени од надлежните институции, учениците беа изложени на настава со низок квалитет, лоша двонасочна комуникација професорученик, но и соочени со необјективно и нефер оценување. Истражувањата на Светска банка велат дека во „нормални услови“, 11 години во нашиот образовен систем се еднакви на 7 години стекнато знање–можеме само да замислиме колкави штети и последици ќе остави на денешните ученици и студенти бавното придвижување кон далечинското образование и дигитализацијата“, се вели во анализата на
МОФ.

актуелно дигитални платформи МОФ предавање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.