Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МТСП: Се олеснува пристапот до права од социјална заштита
Економија

МТСП: Се олеснува пристапот до права од социјална заштита

април 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Последните измени во Уредбата за примена на Законот за социјална заштита во време на вонредна состојба се резултат на анализите на Министерството за труд и социјална политика за тоа кои критериуми се најчеста пречка за остварување на правото на гарантирана минимална помош, и со нив дополнително се олеснува влезот во системот на социјална заштита, велат од Министерството.

Со првата измена, како што информираат, се продолжува времетраењето на олеснетиот услов за утврдување на материјална необезбеденост.

Наместо само за месеците април и мај, утврдување на материјална необезбеденост на домаќинство само врз основа на приходите во последниот месец, се продолжува до декември. Со оваа измена, велат од МТСП, се овозможува брза реакција на системот на социјална заштита и давање финансиска поддршка на домаќинствата кои останале без приходи во претходниот месец од разни причини – престанок на работен однос, губење на други видови приходи и слично.

– Вршиме проширување на опфатот на ранливите групи граѓани кои може да добијат финансиска поддршка. Со измените, право на гарантирана минимална помош може да оствари и тоа домаќинство каде има лице кое е избришано од евиденцијата на невработени лица заради нередовно пријавување или на кое работниот однос му престанал спогодбено, по барање или со отказ, се наведува во соопштението.

Третата важна измена, додаваат, е што дополнително се релаксираат поединечни критериуми за остварување на правото на гарантирана минимална помош. Поседување на возило постаро од пет години и земјиште со површина до 500 метри квадратни, освен земјиштето на кое се наоѓа објектот каде корисникот живее, нема да се сметаат како имот што корисникот може да го оттуѓи или изнајми и на тој начин да се издржува.

– За да се забрза постапката на решавање на барањата за добивање гарантирана минимална помош, центрите за социјална работа ќе одлучуваат само врз основа на доставената документација од подносителот и обезбедената документација по службена должност, а увидот во домаќинството ќе се изврши во рок од два месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба, посочуваат од Министерството.

Со последните измени, користењето на правата на надоместок заради попреченост и на надоместок за помош и нега од друго лице, познато како туѓа нега, се продолжуваат додека трае вонредната состојба.

– За да ги заштитиме корисниците на овие права, оние на кои конзилијарното мислење им истекува додека трае вонредната состојба, ќе продолжат да го користат надоместокот без посета на Комисијата и издавање на конзилијарно мислење. Додека трае вонредната состојба не треба да носат ново мислење, туку во рок од два месеци по завршување на вонредната состојба, треба да го направат контролниот преглед, се вели во соопштението.

Мерката за поддршка на постоечките корисници на системот за социјална заштита, со која околу 30.000 домаќинства добиваат по илјада денари енергетски додаток, сега освен за месеците април и мај, се продлжува се до септември, односно и надвор од грејната сезона се со цел, како што наведуваат од МТСП, да им се обезбеди дополнителна поддршка на најранливите семејства.

– Министерството за труд и социјална политика со брза и целна реакција насочена кон ранливите категории граѓани покажува дека никој не е заборавен, додаваат во соопштението.

заштита МТСП олеснет права пристап социјална
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.