Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Музичка вечер со Гудачкиот квинтет на Загребската филхармонија на „Охридско лето“
Култура

Музичка вечер со Гудачкиот квинтет на Загребската филхармонија на „Охридско лето“

јули 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Прекрасната акустика што ја нуди сцената на катедралната црква „Света Софија“ за 15 ден од Фестивалот „Охридско лето“ е местото каде вечер ќе настапува гудачкиот квинтет на Филхармонијата од Загреб.

Изминатата пандемиска година, кога бројни музичари беа спречени да концертираат, група членови на Загрепската филхармонија, запазувајќи ги сите мерки на заштита се собираат и одржуваат проби за да не дозволат да „престане“ музиката. Петте членови на ансамблот кои имаат долгогодишно искуство во камерното музицирање, прв пат заеднички започнуваат да „комуницираат“ во ваков состав, донесувајќи  ѝ  на публиката, а и на самите ним, малку утеха преку универзалниот јазик на музиката.

Иако постојат краток временски период, поради нивните индивидуални музички квалитети што ги обединуваат во исклучително заедничко музицирање, тие многу бргу ги освојуваат симпатиите на музичката јавност.

За настапот на Гудачкиот квинтет на ЗГФ на фестивалот „Охридско лето“ како прва виолина ќе гостува концерт-мајсторот на Македонската филхармонија Владимир Костов.

Владимир Костов е солист, камерен музичар и професор на ФМУ-Скопје. Покрај  настапите во оркестар, Костов е солист со неговиот матичен оркестар и Камерниот оркестар на МФ, во неколку наврати свири во Светскиот оркестар на Музичка младина, а основач е и член на повеќе камерни ансамбли како: „АЛЕА“, „Бахус“, „В.А.М“, „Бревис“ и „Кон Темпора“. Костов е голем поддржувач на младите таленти и е творец и раководител на фестивалот за млади виолинисти „Виолин фест“.

Дуња Бонтек е заменик концерт-мајстор на Загрепската филхармонија и соработник и член на повеќе значајни хрватски ансамбли:  Вараждинскиот камерен оркестар, Хрватскиот барокен оркестар, Задарскиот камерен оркестар и оркестарот Загрепски солисти. Покрај тоа членува и во Камерниот оркестар „Метрополитен“ во Виена. Била заменик водач во Симфонискиот оркестар ХРТ, настапува како солист во повеќе оркестри и била прогласена за најперспективен млад уметник во Хрватска.

Илин-Диме Димовски е македонски контрабасист со интернационална кариера кој скоро една деценија делува во оркестарот на Загрепската филхармонија. Образованието го стекнува во престижни музички центри во Велика Британија (Школа за музика „Гилхол“) и во Трст каде дипломира и магистрира. Во Загреб соработува со Загрепските солисти и Хрватскиот камерен оркестар, а тутор и водач на проектот е на Летниот музички камп  за контрабас во Грожњан. Основач е на неколку камерни ансамбли во кои членуваат реномирани хрватски, македонски и интернационални музичари.

Александар Иванов, најмладиот добитник на наградата Виртуози во категоријата Млад музички уметник за 2015 година е роден во едно од најстарите музички семејства во С. Македонија. Во моментот тој е студент на престижната школа за музика „Џулијард“ во Њујорк, САД во класата на проф. Лори Смаклер.

Покрај големиот број државни награди, Александар е добитник и на значајни меѓународни награди како Лауреат на виолинскиот конкурс во Санкт Петербург, Прва и специјална награда од Дунавскиот симфониски оркестар, Будимпешта и многу други.

Бележи солистички настапи со Македонската филхармонија, оркестарот на Музичка младина на Македонија,  Дунавскиот симфониски оркестар, Класик ФМ радио оркестарот и др. Настапувал со диригентите: Борјан Цанев, Марин Алсоп, Андраш Дек, Веско Пантелеев – Ешкенази, Џошуа Гирсен, Марк Расел Смит, Пол Брајан.

Иванов постојано е присутен на македонската музичка сцена, но и надвор од неа. Во Виена има голем број солистички и камерни настапи. Настапувал на Европскиот музички фестивал во Софија, Виолин фест и Златна лира во Скопје, Curtis Summerfest, Philadelphia, а на отворањето на фестивалот  Денови на македонската музика 2018 год. му се укажува честа премиерно да го изведе виолинскиот концерт на неговиот постар брат, композиторот  Филип Иванов.

Александар Јакопанец, на виола е дипломец на Музичката академија во Загреб кој се усовршува и на Музичката школа на Универзитетот Колумбус во САД. Покрај работниот ангажман во Загребската филхармонија, тој е водач на секцијата виоли во оркестарот „No borders“, а коосновач е на Хрватскиот гудачки квартет.  Делува како постојан член на „Загребските солисти“,  Вараждинскиот камерен оркестар и Хрватскиот барокен ансамбл. Свири и барокна виола што му овозможува и истражување на барокниот репертоар. Како камерен уметник и солист настапува на бројни фестивали и манифестации, а уметнички раководител е на фестивалот „АмадеусФест“ во Бјеловар.

Почетокот на концертот е предвиден во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

гудачки квантет загребска охридско лето Филхармонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026

Објавени пробите за настапите на „Евровизија“

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.