Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мурати за МИА: Уставниот суд ќе го почека и ќе го земе предвид одговорот од Собранието
Политика

Мурати за МИА: Уставниот суд ќе го почека и ќе го земе предвид одговорот од Собранието

декември 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Неблагодарно е да се врзуваме за фиксни рокови во однос на донесување одлуки на Судот за сите предмети, вклучувајќи го и предметот за оценување на уставноста на Законот за дополнување на Законот за помилување. При донесување конечна одлука по овој предмет треба да бидат земени предвид одговорите од доносителот на оспорениот акт – Собранието на Република Северна Македонија и евентуално и на другите учесници во постапката, како на пример Владата на Република Северна Македонија“, вели во интервју за МИА претседателотна Уставниот суд, Сали Мурати.

„Во однос на поведувањето на постапка за оценување на уставноста на Законот за дополнување на Законот за помилување, истата е во тек, односно во втора фаза. Тоа значи дека Судот со одлучувањето да поведе постапка изразил сомнеж во уставноста на оспорениот закон при што е потребно да се утврди текстот на решението за поведување постапка на седница на Судот во кој ќе се образложат причините поради кои Судот одлучил на овој начин“, истакнува Мурати.

Ова решение, како што додава, се доставува задолжително на доносителот на оспорениот акт – Собранието на Република Северна Македонија и евентуално и на другите учесници во постапката, како на пример Владата на Република Северна Македонија.

„Нивните одговори треба да бидат доставени во определен рок по приемот и треба да бидат земени во предвид при носењето на конечната одлука. Оттука, неблагодарно е да се врзуваме за фиксни рокови, но сепак како што кажав и претходно во ова интервју, јас ќе се залагам сите предмети, вклучувајќи го и овој, почитувајќи ги сите деловнички одредби и рокови, да бидат решавани ажурно и благовремено“, вели претседателот на Уставен.

Во однос на критиките кои во последно време беа упатени кон Судот, Мурати вели дека за нив се прифатливи сите правно аргументирани критики но, не и оние кои задираат длабоко во нивната самостојност и независност предвидена со Уставот и Деловникот на Уставниот суд.

Сали Мурати во интервјуто за МИА, кое е прво од неговото назначување за претседателот на Уставниот суд, меѓу другото говори за чекорите кои ќе ги преземе во народниот период, за тоа дали е потребен Закон за Уставен суд, за вработените во службата на Уставниот суд, како и за буџетската автономија на Судот.

Целото интервју со претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, МИА ќе го објави утре.

актуелно Мурати собрание Уставен суд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.