Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Муслиу: Владеењето на правото да почне со борбата против корупцијата, против организираниот криминал и неказнивоста
Политика

Муслиу: Владеењето на правото да почне со борбата против корупцијата, против организираниот криминал и неказнивоста

мај 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владеењето на правото треба да почне со борбата против корупцијата, против организираниот криминал и против неказнивоста, истакна извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) Алберт Муслиу пред почетокот на Конференција за напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција што се одржува во Скопје.

Според него, во земјава има добра политичка волја да се спроведе борбата против организираниот криминал и корупција а, како што додаде, дали тоа е спроведено на дело ќе укаже Поглавјето 23 штом ќе почнат преговорите.

„Во таа насока мислам дека сите чинители вклучувајќи ги не само институциите, туку и граѓаните и сите општествени чинители треба сериозно да се заложат да се промени институционалната посветеност, но и граѓанската свест“, рече Муслиу.

Натали Петровска од Коалицијата на здруженија на граѓани – Сите за правично судење изјави дека на институциите што се задолжени за борбата против организираниот криминал и корупција дефинитивно им е потребно зајакнување и за тоа, како што рече, било фомирано и Специјалното јавно обвинителство.

„СЈО и редовното Обвинителство што гони организиран криминал и корупција во овој момент би требало да се консолидираат и да дадат сé од себе за да ги вгнездат своите заложби во борбата против организираниот криминал и корупција“, рече Петровска.

Во таа насока дополни дека во овој момент потребно е да има консолидирање на политичките партии околу законот за јавно обвинителство, со цел непречено да функционираат овие две обвинителства и да постапуваат понатаму по останатите предмети и истраги што се веќе отпочнати.

Министерката за правда Рената Дескоска во своето обраќање меѓу другото посочи дека формирањето на СЈО бил првиот чекор во расчистувањето со организираниот криминал и корупцијата.

„Успешното справување со организираниот криминал и корупцијата подразбира исполнување на неколку базични претпоставки: креирање ефикасна законска рамка, сеопфатна меѓународна соработка и постоење независна институција за борба против организираниот криминал и корупција“, рече Дескоска.

Организираниот криминал и корупција, како што истакна министерката за правда, се едни од најголемите зла на денешницата, а нивна основна цел е стекнување големи финансиски профити.

„Скоро секогаш нивните појавни облици се насочени кон поврзување со центрите на политичката моќ“, дополни Дескоска.

Конференција за „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција во пресрет на извештајот на Европската Комисија“ е дел од проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во справување со организиран криминал и корупција“ финансиран од Делегацијата на Европската Унија.

борба против корупција владеење на право Муслиу
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ноември 5, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.