Лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, најверојатно е отруен новичок, отровна супстанца од класата на инхибитори на холинестераза, велат лекарите од болницата во Берлин, објави Дојче Веле.
Случајот со Навални по многу нешта потсетува на нападот на двојниот агент Сергеј Скрипал во Лондон, пред две години, кога беше искористен токму тој отров – новичок.
Тимот на лекари кои го лекуваат Алексеј Навални информираше дека на рускиот опозиционер му бил даден нервен токсин.
Отровот предизвикал верижна реакција на протеините и го блокира производството на ензимот холинестераза и ако не се излечи, може да доведе до смрт.
Холинестеразата е важна во метаболизмот за распаѓање на невротрансмитерот ацетилхолин. Оваа супстанца има улога во будењето или задржувањето на вниманието. Ако ацетилхолинот повеќе не се разградува, тоа предизвикува нервниот систем да биде бомбардиран со неинхибирани дразби. Патеките за пренесување на сигналот во овој случај се целосно преоптоварени и се однесуваат лудо.
Информациите потоа се пренесуваат од нервите на телесното ткиво, мускулите и органите, што доведува до зголемени проблеми со плунката и дишењето, затоа што пациентот веќе не може да ги контролира респираторните мускули самостојно. Парализата и конвулзиите може да бидат фатални доколку труењето трае премногу долго.
Лекарите најпрво мора да го спречат пациентот да се задуши поради грчевите на респираторните мускули. Поради тоа, Навални бил веднаш ставен на вештачка вентилација.
Како противотров се користи атропин, алкалоид пронајден во Atropa belladonna (отровно растение популарно познато како луда трева, волчја цреша или кучешка јагода). Атропинот практично ги зафаќа рецепторите на ацетилхолин во клетките и со тоа го ослабнува ефектот на бомбардирање на ацетилхолин.
Третманот мора да се продолжи се додека холинестеразата во телото не започне повторно да функционира. Затоа, лекарите во овој случај обично му даваат на пациентот друга активна состојка наречена пралидоксим, со цел да се стимулира повторното производство на холинестераза.







