Шпанскиот тенисер Рафаел Надал победи на годинешниот УС Опен. Ова е негова втора Грен слем титула во 2017 година и вкупно 16-та во кариерата.
Надал ја оправда улогата на фаворитот во финалето на против Кевин Андерсон и убедливо триумфираше во три сета.
„Ова беа посебни две недели за мене. Но, пред да почнам да зборувам за себе, сакам да му честитам на Кевин. Тој е одличен пример за децата и за другите на АТП турнејата дека е можно да се врати по повреда во најдоброто издание“, рече Шпанецот по прогласувањето на победникот.
Ова за Надал е трет освоен УС Опен, по триумфот во 2010 и 2013 година, а петти трофеј оваа година.
„Што се однесува до мене лично, ова е неверојатно, по неколку години во текот на кои имав проблеми со повреди. Од отворањето на Австралија, играм тенис на високо ниво. Освојувањето титула овде во Њујорк ми дава голема енергија, бидејќи публиката тука е неверојатна. Тие ме направија толку среќен“, рече Надал.