Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НАДРЕАЛНИ СЦЕНИ НА ИСЛАНД: Лава голта куќи и згради, голта цел град
Во Фокусот

НАДРЕАЛНИ СЦЕНИ НА ИСЛАНД: Лава голта куќи и згради, голта цел град

јануари 15, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вулканот на исландскиот полуостров Рејкјанес еруптираше вчера рано наутро и лава се излеа во рибарскиот град Гриндавик. Разорната лава сруши најмалку три куќи во Гриндавик, според локалните медиуми, со потенцијал за уште поголемо уништување, јави Би-Би-Си.

Главната улица во Гриндавик е пресечена од изливањето на лава.

Исландски функционер ја опиша ерупцијата на вулканот како „најлошо можно сценарио“ и покрај повеќемесечните подготовки.

Директорот на цивилната одбрана, Видир Рејнисон, рече дека бариери биле изградени северно од Гриндавик пред првата ерупција во декември.

Но, главниот ток на лавата излезе од планираното „корито“, а новата пукнатина што се појави во нив е „најлошото можно сценарио“.

Една од опциите што се разгледува е употреба на пумпи за ладење на лавата со морска вода за да се ограничи штетата, пренесува Скај Њус.

Гриндавик, град со 3.800 жители, се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Рејкјавик, главниот град на Исланд.

Како што пренесува Би-Би-Си, лавата во тој град голта куќи и згради откако се отвориле две пукнатини. Целото население е евакуирано од градот.

Исландската метеоролошка служба (ИМО) соопшти дека пробивањето на бариерите на некои места и овозможило на лавата да стигне до градот, што предизвикало пожар во некои куќи и згради.

Вулканологот Робин Ендрјус вели дека оваа ерупција е „екстремно опасна и штетна ситуација“, особено сега кога лавата навлегла во градот.

Тој за Би-Би-Си изјави дека протокот на лава „не покажува знаци на забавување“, додавајќи дека во моментов не е можно да се процени степенот на штетата.

Ендрјус предупреди дека последиците од ерупцијата можат да бидат „прилично проблематични“ за луѓето со постоечки респираторни проблеми, бидејќи вулканската активност ослободува гасови како сулфур диоксид, кој ги иритира кожата, очите, носот и грлото.

„Денес е црн ден за Гриндавик и црн ден за цел Исланд, но сонцето повторно ќе изгрее….“, рече премиерката Катрин Јакобсдотир, која најави дека владата ќе се состане за да договори мерките за граѓаните кои се евакуирани.

Во своето вчерашно обраќање до нацијата, исландскиот претседател, Гудни Јоханесон, повика на солидарност со оние кои не можат да останат во своите домови поради ерупцијата на вулканот.

Јоханесон рече дека очекува ситуацијата да се смири.

Вчерашната ерупција беше петта што се случи долж полуостровот Рејкјанес од 2021 година, а на ерупцијата во декември и претходеа силни земјотреси.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Халдор Колбеинс/АФП)

актуелно вулкан исланд лава
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.