Малопродажните цени на Суперот БС-98 и на Дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, Суперот БС-95 поевтинува за еден денар, а нафтата за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто.
Новата малопродажна цена на Супер БС-95 ќе изнесува 79,5 денари за литар, Супер БС-98 ќе се продава за 81,5, Дизелот за 71, а нафтата за домаќинство за 70,5 денари за литар.
„Регулаторна“ одлучи да ја зголеми малопродажната цена на Мазутот за 0,688 денари за килограм и тој сега ќе чини 44,748 денари.







