Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија во Турција е нападнат додека присуствувал на погребот на војник, кој загинал во борбите против
припадниците на забранетата Курдска работничка партија (ПКК).
На видео снимки се гледа како Кемал Киличдароглу е удрен најмалку двапати додека обезбедувањето се обидува да го извлече од насобраниот народ.
Тој успеал да го напушти местото и да влезе во најблиската куќа, а бесни граѓани потоа се собрале пред куќата извикувајќи „Надвор ПКК“.
„Сите се исплашивме поради инцидентот. Кемал Киличдароглу е добро.
Однесен е на безбедно, истакна републиканскиот пратеник Левент Гок.







