Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НАРАЧАН ПРОГОН ИЛИ …? Трамп пристигна во Мајами за да се соочи со федерално обвинение
СВЕТ

НАРАЧАН ПРОГОН ИЛИ …? Трамп пристигна во Мајами за да се соочи со федерално обвинение

јуни 13, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, вчера пристигна во Мајами за да се соочи со федерално обвинение, додека резултатите од новите анкети кои ги спроведоа Ројтерс и Ипсос покажуваат дека судската постапка не им наштети на неговите изгледи на изборите следната година.

Трамп треба да се појави во федералната судница во Мајами денеска во 15.00 часот по локално време.

Обвинет е за незаконско задржување на доверливи документи и лажење на службениците кои се обиделе да ги вратат, но Трамп тврди дека е невин и се обврза дека ќе продолжи со кампањата за изборите во ноември 2024 година.

Трамп, кој утре го слави својот 77-ми роденден, пристигна во Мајами во 14.54 часот по локално време со приватен авион.

„Се надевам дека целата земја гледа што и прави на Америка радикалната левица“, напиша тој на својата социјална мрежа Социјална вистина (Truth Social) пред да отпатува од Њу Џерси.

Обвинението против Трамп не влијаеше на неговата популарност меѓу републиканските гласачи.

Анкетите на Ројтерс и Ипсос, чии резултати беа објавени во понеделникот, покажа дека 81 отсто од републиканците веруваат дека обвинувањата против Трамп се политички мотивирани.

Исто така, резултатите покажаа дека Трамп е фаворит за номинација на Републиканската партија.

Околу 43 отсто од луѓето кои се сметаат републиканци сметаат дека Трамп е кандидат кого го преферираат, во споредба со 22 отсто, кои го избраа Рон Де Сантис, гувернер на сојузната држава Флорида.

Трамп на почетокот на мај водеше пред Де Сантис со 49 наспроти 19 отсто, но тоа беше пред Де Сантис официјално да ја објави својата кандидатура.

Посебниот обвинител Џек Смит го обвини Трамп за земање илјадници документи кои содржат некои од најкласифицираните информации за националната безбедност откако ја напуштил Белата куќа во јануари 2021 година и ги чувал на неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида, според обвинението објавено минатата недела.

Трамп е првиот поранешен или сегашен претседател кој се соочува со кривичен прогон, но правните експерти велат дека тоа не го спречува да се кандидира или да ја преземе функцијата претседател дури и ако биде прогласен за виновен.

Трамп го обвинува демократскиот претседател Џо Бајден дека ги организирал обвинувањата против него за да наштети на неговата предизборна кампања.

Бајден се огради од случајот и одбива да го коментира.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Ројтерс)

актуелно Доналд Трамп избори Мајами обвинение Претседател Џо Бајден
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.