Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Народен правобранител: Образовните институции не беа целосно подготвени за далечинско учење
Во Фокусот

Народен правобранител: Образовните институции не беа целосно подготвени за далечинско учење

август 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Образовните институции не беа целосно подготвени за далечинско учење, особено во почетокот на корона кризата, а притоа, најпогодени од состојбата се учениците, особено оние во руралните средини, учениците од социјално загрозените семејства, како и учениците со попреченост.

Ова се наведува во мислењето на Народниот правобранител до министерот за образование и наука Арбер Адеми, во врска со наставата во услови на далечинско учење.

Народниот правобранител потенцира дека далечинското образование бара длабока трансформација на образовните системи вклучително и механизмите за финансирање, управување, осмислување, реализација и следење на успехот и напредокот на сите ученици во услови на образование од далечина.

Сите ученици, се додава во мислењето на Народниот правобранител, немале пристап до потребната технологија, средства и интернет за реализација на зададените задачи од страна на наставниците, а не ја добивале на исто ниво ниту поддршката за совладување на материјалот,
што дополнително води до нееднаквност и неможност за целосно вклучување во процесот на учење и совладување на знаења, умеења и
вештини.

„Неспорно е дека поради новонастанатата ситуација со вирусот Ковид-19, ширум светот, па и кај нас, учењето од далечина стана исклучително актуелно во првата половина од 2020 година, и истото се примени како единствено можна безбедна опција по здравјето на сите учесници во образовниот процес. Истовремено, кризата настаната поради вирусот ги истакна проблемите, потребите и предизвиците во организирање на образование од далечина, особено сво отсуство на системски решенија и развиени документи кои предвидуваат конкретни активности и мерки за реализација на учење од далечина, и немање на развиени стандарди за е-учење, како и национална платформа за поддршка за учење од далечина во основното и средното образование“, се наведува во мислењето.

Се додава дека во време на пандемии доаѓа до потешкотии или до целосен прекин во пристапот до образование, пришто најпогодени заедници се децата од неповолните групи (ученици со посебни образовни потреби, поконкретно деца со попреченост, Роми, мигранти, бегалци и други деца и млади во социјален ризик).

Народниот правобранител, следејќи ја состојбата со образованието на децата согледал дека за време на траењето на онлајн наставата (почнувајќи од средината на март, па се до крајот на учебната година) училиштата и наставниците не добија унифициран систем, издржана платформа преку која секојдневно ќе комуницираат со учениците и ќе ја реализираат наставата.

„Имено, кон крајот на март со појавувањето на платформата за далечинско учење Едуино се забележаа низа пропусти на самата платформа, првенствено поради тоа што повторно стануваше збор за еднонасочно предавање на материјалот преку кратки видеа подготвени
од малкумина наставници-ентузијасти, при што многу теми се повторуваа, а истовремено одредени теми воопшто не беа обработени, па дури и недостигаа цели наставни предмети. Имајќи ги предвид реакциите и забелешките на родителите и учениците, прозилегува дека платформата Едуино не беше системско решение кое беше општоважечко и обврзувачко за секое училиште, односно за секој ученик“, се додава во мислењето.

актуелно далечинско учење Народен правобранител Образовни институции
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.