Патниците наскоро би можеле да „стојат“ во авионите, ако се остварат желбите на авиокомпаниите, кои планираат за кратките линии да купат седишта од италијанскиот производител „Авоинтериорс“.
На овие седишта патниците и понатаму би седеле, но како каубојци на коњите или како да возат велосипед. Американската авијација веќе одобрила вакви седишта со образложение дека „каубојците можат во таква положба да јаваат со саати“. Бидејќи овие седишта се речиси за половина полесни од стандардните во економската класа, многу авиокомпании сериозно ја разгледуваат оваа идеја.
Патниците, значи, и понатаму би биле навалени, во полу-исправна положба, нозете би можеле да ги исправат и до нив би имало држачи. Тоа значи дека во авионот би можеле да се сместат и до 50 патници повеќе, што на авиокомпаниите би им обезбедило 20 отсто поголем профит, заради што и билетите би биле поефтини за 40 отсто.
Ваквите седишта веќе беа претставени оваа година на ЕКСПО во Хамбург и не им се допаднаа на поголемите луѓе.
Идејата за местата за „стоење“ во авион е родена уште пред две децении, а гласно беше предложена во „Ербас“ пред 15 години.
На Мајкл О’лири, шеф во „Рајанер“, оваа идеја многу му се допаднала и одлучил да се вградат 15 редови „вертикални седишта“, а како резултат на тоа да отстрани два тоелета.
Меѓутоа, ваквите седишта сеуште не ги одобри Европската агенција за безбедност во сообраќајот, затоа што не е решен проблемот со евакуација на патниците во леталата.







