Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Научно истражување: Четири клучни возрасти за мозокот
Интересно

Научно истражување: Четири клучни возрасти за мозокот

ноември 26, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мозокот останува во својата адолесцентна фаза до раните 30-ти години, кога го достигнува својот „врв“, покажува ново научно истражување на тим од британскиот Универзитет на Кембриџ. Научниците, притоа, откриле дека мозокот минува низ различни фази во животот, со пет важни „пресвртни точки“ на возраст од 9, 32, 66 и 83 години.

Научното истражување е објавено во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature Communications). Околу 4.000 луѓе на возраст до 90 години биле подложени на скенирање на мозокот, со цел да се проследат врските меѓу мозочните клетки. Тимот научници велат дека резултатите би можеле да помогнат да се разберат причините за можноста за ментални нарушувања и деменција и нејзиното варирање во различни точки од животот. Додека мозокот постојано се прилагодува на ново знаење и искуство, според податоците – неговиот развој не следи рамна и рамномерна линија од раѓањето до староста, туку се движи во фази.

– Мозокот се поврзува повторно и повторно во текот на целиот живот. Врските постојано се зајакнуваат и слабеат, но тоа не се случува на ист начин – постојат флуктуации и различни фази, изјави водечката авторка, д-р Алекса Моусли, за Би-би-си.

Така, петте фази на мозокот се: Детство – од раѓање до 9 години, младост или адолесценција – од 9 до 32 години, зрелост – од 32 до 66 години, рана старост – од 66 до 83 години и доцна старост – по 83 години. Научниците нагласуваат дека овие точки на возраст може да се појават малку порано или подоцна кај поединечни луѓе, но во податоците, овие четири „пресврти“ изненадувачки јасно се издвојуваат.

Што се случува во поединечните фази?

Моусли вели дека била изненадена од тоа колку добро различните возрасни групи се совпаѓале со важните животни фази – ран пубертет, здравствени проблеми подоцна и големи социјални промени околу 30-годишна возраст, како што е родителството.

Детство: Првиот период од животот е обележан со брз раст на мозокот, но и со „проретчување“ на излишните врски (синапси) што се создаваат рано во животот. Во оваа фаза, мозокот работи помалку ефикасно – на пример, детето бесцелно талка низ паркот, наместо да оди директно од точка А до точка Б.

Младост: Околу деветгодишна возраст, кај човековиот мозок се случува остра промена – мозочните врски влегуваат во период на т.н. „беспоштедна ефективност“, се вели во написот. Д-р Моусли го дефинира ова како „најдраматична транзиција“ меѓу фазите – кога ризикот од развој на ментални нарушувања е највисок. Адолесценцијата почнува со пубертет, но според новите наводи, завршува многу подоцна отколку што се сметаше претходно – не во тинејџерските години, туку во раните 30-ти. Ова е и единствената фаза во којашто невронската мрежа станува поефикасна, што ја поддржува тезата дека мозочните функции достигнуваат врв на возраст од околу 30 – 32 години.

Зрелост: Ова е најдолг и најстабилен период, околу три децении. Промените се случуваат побавно, но насоката се менува: Подобрувањата на вештините постепено почнуваат да бледнеат. Истражувачите забележуваат дека ова се совпаѓа со добро познатото „плато“ на интелигенцијата и развојот на личноста.

Рана старост: Транзицијата кон стареењето почнува околу 66-годишна возраст, но не како ненадеен колапс. Напротив, врските меѓу мозочните области се преуредуваат – наместо да работат како единствен систем, мозокот се дели на потесно поврзани „локални групи“, како кога музичарите започнуваат солопроекти. На оваа возраст често почнуваат да се манифестираат деменцијата и високиот крвен притисок, коишто влијаат на здравјето на мозокот.

Доцна старост: Околу 83-годишна возраст почнува последната фаза. Податоците за оваа фаза се поограничени бидејќи е потешко да се најдат здрави мозоци за споредба. Промените се слични на раното стареење, но поизразени.

Истражувањето не ги дели податоците по пол, што го остава отворено прашањето за разликите меѓу мажите и жените, вклучувајќи го и влијанието на менопаузата.

Професорот Данкан Астл од Кембриџ – кој е дел од тимот, нагласи дека многу ментални и невролошки состојби се поврзани со начинот на кој мозокот е „поврзан“. Тој смета дека разликите во тие врски би можеле да предвидат проблеми со вниманието, јазикот, меморијата и низа однесувања. За професорката Тара Спирс-Џонс од Единбург, која не учествувала во научните испитувања, овој научен труд е одличен и јасно покажува колку мозокот се менува во текот на човековиот живот – иако не за секого на иста возраст.

актуелно возрасти истражување клучни мозок
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.