Случајот „Монструм“ е жив пример за морбидната кампања на Зоран Заев и поигрувањето со огромни човечки трагедии за сметка на правењето сопствен маркетинг. Тоа е црн пример до каде е спремен да оди, само за да се додржи на власт, обвини Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Обвинетите за случајот ‘Монструм’ се на слобода. Исто како што се бараше во платформата потпишана во Тирана. Тие благодарение на поддршката што ја имаат од власта одложуваат судски рочишта тврдејќи дека биле невини, а кој бил виновен не кажува ниту Заев ниту Фатиме Фетаи, која го презеде предметот за масакрот на Величетврток. Родителите на убиените деца потврдија дека виновниците се оние што беа претходно осудени“, рече Нацев.







