Началниците на генералштабови на армиите од земјите членки Јадранската повелба и на САД (А-5), претпладнево ја почнаа конференцијата на која се расправа за проширување на соработката меѓу државите од А-5 за целосна НАТО интеграција и придонес за безбедноста на Алијансата.
Конференцијата ја отвори началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.
„Со нашите партнери и пријатели сме одлучни и посветени на Американско – јадранската иницијатива, и подготвени да ги споделиме нашите искуства и перспективи, како и да ја прошириме соработката за целосна НАТО интеграција и придонес за безбедноста на Алијансата – рече генерал Величковски.
Тој им се заблагодари на началниците на генералштабовите присутни на конференцијата, кои овозможиле Македонија да биде копретседавач на 25-годишнината од формирањето на АРМ.







