Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Најмалку шест мртви во џамија во Канада
Во Фокусот

Најмалку шест мртви во џамија во Канада

јануари 30, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шестмина се убиени, а осум ранети во џамија во Квебек, во оружен инцидент кој канадскиот премиер го окарактеризира како „терористички напад“

 

Најмалку шест луѓе загинаа, а осум се ранети во оружениот напад што вчеравечер се случи во Исламскиот културен центар, во Квебек, Канада.

Нападот во една од двете џамии во Исламскиот центар за кој канадскиот премиер рече дека е терористички чин, го извршиле три лица, кога граѓаните се собрале на вечерна молитва, изјавиле сведоци.

Полицијата го потврдила бројот на загинатите и нападот го разгледува како тероризам.

Две лица се во притвор, а од полицијата наведуваат дека не веруваат дека уште осомничени се на слобода.

Од полицијата исто така истакнуваат дека областа во која нападот се случи е „под контрола“.

Нема информации за уапсените, истрагата е во тек.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека станува збор за „терористички напад“.

Како што вели, веста за нападот ја прими со „голем шок, тага и бес“.

 

Го осудуваме терористичкиот напад на муслиманите. Додека властите и понатака истражуваат, а деталите треба да се потврдат, со тешко срце гледаме на гнасни чинови на насилство. Различноста е наша сила, а верската толеранција е вредност за која ние Канаѓаните многу се држиме“, Џастин Трудо

 

Сведок на настанот за „Ројтерс“ изјави дека во нападот учествувале „до три напаѓачи“.

Тие, исто така, јавија дека тешко вооружена специјална единица на полицијата влегла во џамијата.

Од Исламскиот центар на Фејсбук се заблагодарија на јавноста за „стотиците пораки за поддршка“ и ги замолија граѓаните да не шират гласини.

Претседателот на џамијата Мохамед Јангуи, кој не бил внатре во џамијата при пукањето, изјави дека повредените се однесено во повеќе болници во Квебек.

„Што се случува тука, ова е варварски“, рече тој.

Би-Би-Си нагласува дека во јуни минатата година пред истата џамија како „подарок“ е пронајдена одсечена свинска глава со порака „довидување“.

 

https://www.youtube.com/watch?v=uD2vk_fNR9c&feature=youtu.be

актуелно Исламски центар канада Квебек терористички напад џамија Џастин Трудо
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.