Годишниот просек на украдени автомобили во Европската унија во периодот од 2015 до 2017 година изнесува 697 илјади. Забележано е намалување на бројот на кражби за 29 отсто, во споредба со периодот од 2008 до 2010 година кога просекот беше 983 илјади возила, пренесува Еуростат.
Во периодот меѓу 2008 и 2017 година забележливо е намалување на ктажбите во повеќето држави членки.
Просечно, во периодот од 2015-та до 2017-та, најмногу кражби имало во Луксембург (328 кражби на 100.000 жители), потоа следи Грција (269), Италија (257), Шведска (256), Франција (247) и Чешка (238).
Според податоците на Еуростат, најмалку кражби се евидентирани во Словачка и Естонија (по 31 кражба на 100.000 жители), во Хрватска (20), Романија (15) и Данска (само 4).