Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Најчести акутни заболувања минатиот месец биле овчи сипаници и ентероколити
Градови

Најчести акутни заболувања минатиот месец биле овчи сипаници и ентероколити

август 18, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во текот на претходниот месец во земјава се пријавени вкупно 607 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хепатит Б и Ц и ХИВ.

Првите две најчести заболувања се овчи сипаници и ентероколити, кои учествуваат со 90,4 проценти во вкупниот број на заболени, а со 91,9 отсто во десетте најчесто пријавени акутни заразни заболувања во јули, покажуваат податоците од Билтенот на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје.

Во текот на јули, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 298 пријавени лица. Во однос на јуни има намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 3,9 проценти, а во споредба со јули лани зголемување од 3,7 проценти.

На второ место по бројот на пријавени заболени во јули се ентероколитите, со 251 случај.

Во однос на јуни се регистрира зголемен број на заболени лица од ентероколити за 36,4 проценти, а во однос на јули минатата година има намалување од 31,4 проценти.

Во однос на поделбата на акутни заразни заболувања по групи, најголем број припаѓаат на капкови заболувања. Од нив, најголем број се за овчи сипаници.

Во оваа група се пријавени по 4 случаи на инфективна мононуклеоза и скарлатина и по еден случај на заразни заушки, легионерска болест и пневмококна инфекција.

Во јули пријавени се 279 случаи на заболени од групата на цревни заболувања. Од нив, најголем број и инциденца чинат пријавите за ентероколити. Пријавени се 16 случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и 12 случаи на салмонелоза.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани три заболени лица, односно два случаи на хламидија и еден случај на вирусен хепатит Ц.

Во групата на зоонози пријавени се шест заболени лица, по два случаи на бруцелоза и ехинококоза и по еден случај на лајм борелиоза и лајшманиоза. Во групата на останати акутни заразни заболувања, во јули се регистрирани десет случаи, од кои седум случаи на шуга, два случаи на вирусен менингит и еден случај на вирусен енцефалитис.

Во Билтенот се наведува дека во текот на јули има пријавено три случаи на ХИВ/СИДА, сите од машки пол. Едниот е на возраст од 20 до 24 години, вториот од 35 од 39 и третиот од 40 до 44 години. Според местото на живеење, трите лица се од Струга, Велес и Скопје и сите припаѓаат на групата бисексуалци. Пријавено е едно починато лице од ХИВ/СИДА од машки пол на возраст од 50-54 години од Скопје.

Согласно постоечката евиденција, како што покажуваат податоците, заклучно со 31 јули 2022 година кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Северна Македонија, за периодот 1987 – 2022 година изнесува 567, од кои 120 починале, а 443 живеат со ХИВ/СИДА.

До ИЈЗ во јули пријавена е и епидемија на заразна болест Toxoinfectio alimentaris, заболување со знаци на труење кај деца од детска градинка кои консумирале храна во мензата на детската градинка во Штип.

„Се работи за појава на заболување со знаци на труење кај деца од детска градинка кои консумирале храна во мензата на детската градинка. Од експонираните 100 лица, заболеле вкупно 7 лица, од кои 2 лица биле хоспитализирани во КБ Штип, испишани се во добра општа состојба, информираат од Институтот.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно акутни заболувања најчести сипаници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.