Третманот на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кого Вашингтон го обвинува за шпионажа и му се заканува екстрадиција во САД, го загрозува неговиот живот.
Ова го оцени известувачот на Обединетите нации за тортура, Нилс Мелзер, изразувајќи загриженост заради влошување на здравствената состојба на Асанж после апсењето и притворот од почетокот на годинава. Тој тврди дека животот на Асанж е во сериозна опасност.
„Ако Велика Британија не го смени однесувањето и нехуманата состојба во која е, понатамошната изложеност на Асанж на арбитрарност и кршењето на неговите права, можат да го чинат живот“, рече Мезер.
Известувачот вели дека е посебно загрижен од новите медицински информации добиени од доверливи извори според кои Асанж влегол „во маѓепсан круг на аксиозност, стрес и немоќ, што е типично за лица изложени на продолжена изолација и стална арбитрарност“.
„Иако е тешко со сигурност да се предвиди развојот на тие симптоми, тие брзо можат да се претворат во состојба опасна по живот, како што се застој на работата на срцето или нервен слом“, додаде Мелзер.
Асанж на 11 април е исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон во која се засолни во 2012 година и британската полиција веднаш го уапси. САД побараа испорака на Асанж за 18 точки од американското обвинение, а ако биде осуден во САД за шпионажа и предавство со објавување на тајни државни документи, му за заканува повеќедецениска казна затвор.
И рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави неодамна дека верува во можноста дека Асанж бил мачен во затворот во Лондон.
„Тие би требало да ги повлечат обвиненијата против поранешниот припадник на разузнувачките служби на Едвард Сноуден, да го ослободат Џулијан Асанж и да престанат да брибегнуваат кон мачење, на кое е, според неговиот изглед, тој подвргнат во притворот во Велика Британија“, рече Лавров.







