Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » На овој голем ден ја славиме храброста и пожртвуваноста на ослободителите, рече Шилегов на одбележување на 13 Ноември
Скопје

На овој голем ден ја славиме храброста и пожртвуваноста на ослободителите, рече Шилегов на одбележување на 13 Ноември

ноември 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На овој голем ден ја славиме храброста и пожртвуваноста на ослободителите на Скопје.

На овој голем ден ја славиме слободата.

Слободата која што ја извојуваа ослободителите жртвувајќи ја својата младост и своите животи, за да можеме ние денес слободно да живееме, рече денеска градоначалникот на Град Скопје по повод 13 Ноември–Денот на ослободувањето на Скопје по Втора Светска Војна.

Градоначалникот денеска положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на вечното почивалиште на генералот Михајло Апостолски и пред Споменикот на ослободителите на Скопје.

Во својот говор пред Споменикот на ослободителите тој рече дека токму ослободителите најдобро знаат оти борбата за слобода не е лесна, и колку е многу потребна да се освои најголемиот човечки идеал–слободата.

„Орце Николов, Вера Јоциќ, Цветан Димов, Раде Јовчевски Корчагин, Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Даме Крапчев…се само дел од многуте борци коишто ги положиле своите животи за нашата подобра иднина и за слобода на нашето Скопје“, рече Шилегов.

Нашиот град, како што додаде, загубил 4.654 сограѓани, од кои што 956 во борбите, а 3698 како жртви на фашистичкиот терор.

Скопје, посочи Шилегов, го изгуби и речиси целокупното свое еврејско население.

„Ова се бројки коишто во душа на еден човек раѓаат и тага, но во исто време измешано чувство на гордост. Ова се бројки каде што сме изгубиле една заедница, а денес шареноликоста на овој град е толку карактеристична како ретко кој град во светот со сопствената шареноликост“, рече Шилегов.

Меѓутоа, како што додаде, ова се бројки кои непобитно кажуват дека сме ја достигнале кулминацијата во бробата за нашата самостојност, нашата независност, нашата посебност како народ и вековна борба на еден мал, горд, упорен, достоинствен македонски народ, да ја круниса сопствената држававност.

„И токму заради тоа ние сме горди на нашата историја. И токму заради тоа ние немаме комплекси од нашата историја. И заради тоа што немаме комплекси од нашата историја не сакаме да исправаме ничии други истории. Меѓутоа, не дозволуваме никој да ја исправа нашата историја“, појасни тој.

Според Шилегов, ние покажавме дека како народ сме имале основно чувство да бидеме на вистинската слободарската страна, кога целиот свет бил зафатен од лудилото на фашизмот.

Затоа, како што рече, да го славиме овој ден, да ја славиме слободата, да ги славиме ослободителите.

Градоначалникот додаде дека новиот мост што се гради во градот Скопје, во продолжение на булеварот „АСНОМ“ ќе предложи до Советот на Град Скопје да биде именуван како Мост на „Генерал Михајло Апостолски“, кој ќе продолжува до булеварот „16 Бригада“.

Трајко Стаматоски, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОБ, во говорот пред Споменикот на ослободителите рече дека сме сведоци на оспорување на нашиот национален македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Посочи дека борците се посебно чувствителни кога се омаловажувани и кога се негира народно-ослободителната борба.

„Ние борците многу добро знаеме против кого се боревме и со какви жртви. Особено сме погодени кога се омаловажува и негира нашата НОБ и светлите датуми во неа како и почетокот на востанието 11 Октомври и круната на вековната борба АСНОМ. Ние многу добро знаеме како се водеа тие борби, против кого се водеше таа борба и со какви жртви се издвојува слободата“, рече Стаматоски.

По повод одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Скопје, на настанот организиран од Град Скопје, денеска и владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во придружба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.

Во чест на борците кои на 13 ноември 1944 година ја донесоа слободата, членовите на владината делегација оддадоа почит и положија цвеќе и на Алејата на заслужните и пред Споменикот на Ослободителите во дворот на Владата.

13 ноември актуелно ослободители Шилегов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.