Опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави дека на 2 јуни партијата ќе одржи протест пред Владата на Република Македонија.
Лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски ги повика сите граѓани, коишто се незадоволни од владеењето на владата на Зоран Заев, да дојдат во 20 часот и да го искажат своето незадоволство.
„Ги поканувам да ни се придружат да застанат рамо до рамо со нас, да тргнеме во офанзива, да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада, што и се случува на нашата татковина, рече Мицкоски.







