Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » На 30 септември да заокружиме ЗА, за иднината на европска Македонија
Македонија

На 30 септември да заокружиме ЗА, за иднината на европска Македонија

септември 13, 2018Updated:септември 13, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Нашата заедничка одлука на 30 септември ќе го обезбеди нашето место во ЕУ и НАТО. Во најмоќната економска заедница на светот – ЕУ. Во најсилниот воен сојуз на светот – НАТО.

„Заедно ќе влеземе во НАТО и во Европската Унија. Има ли почитувани граѓани поубава слика од таа: Да го гледаме македонското знаме еднакво високо и развиорено до знамињата на економски најмоќните земји членки на овие два сојузи“, рече вчера вечер во Куманово Премиерот и Претседател на Социјал – демократскиот сојуз, Зоран Заев.

Истакнувајќи ја својата благодарност до припадниците на помалите етнички заедници во Куманово за разбирањето при постигнувањето на договорот со Грција, Премиерот Заев посочи дека како што се борел да се зачува македонскиот идентитет подеднакво силно ќе се борел и за зачувување на идентитетот на сите етнички заедници доколку истиот бил загрозен.

Синоќа во Куманово Премиерот и Претседател на СДСМ уште еднаш ги повика и младите луѓе да бидат будни и гласни и секако да се вклучат во носењето на новата историска одлука, којашто ќе го исцрта нивниот животен пат.

„Ве повикувам драги млади, драги граѓани на европска Македонија, ајде да избереме семејство, европско и стабилно семејство во кое сме безбедни, заштитени и во кое имаме сојузници со кои заедно ќе одиме напред. Секој ден понапред, кон јасна иднина. На референдумот на 30 септември секој ваш глас е важен и потребен“, им порача на младите Премиерот Заев.

Говорејќи за придобивките од зачленувањето на Македонија во ЕУ и во НАТО, Премиерот Заев потенцираше дека кога земјата ќе стане дел од двата големи сојузи високите стапки на невработеност ќе станат минато, како примерот на другите земји од соседството кои се дел од НАТО и од Унијата. Исто така, Премиерот Заев додаде дека Македонците и македонскиот јазик се впишуваат во ризницата на светските народи и јазици и дека македонскиот јазик ќе стане составен дел и од европскиот идентитет, во заедницата од 500 милиони луѓе.

„Со одлуката на референдумот ја заокружуваме нашата одговорност – лична, граѓанска и политичка, за иднината за Европска Македонија.

Тоа е таа одговорност која никој не ја презеде речиси три децении. И сето тоа го правиме заедно со граѓаните. Ветивме дека конечниот збор ќе го имаат граѓаните. На референдум

„Еве го исполнуваме и тоа ветување. Вие, граѓаните ќе одлучите за нашата иднина. На денот за промени и за иднината на Република Македонија, вие ќе изберете иднина за вашите деца. И ќе кажете едно силно ЗА, за иднината, силно ЗА, за Македонија членка на ЕУ и НАТО“, рече премиерот Заев пред граѓаните на Куманово.

„Вистински патриот го почитува минатото на својата земја, но неговиот поглед е фокусиран во иднината. Нашата генерација ја има таа чест. Имаме чест да се избориме со глас. На 30-ти септември да излеземе сите на гласање. Да гласаме ЗА, да се вратиме дома, да ги гушнеме нашите деца и да се гордееме со одлуката што сме ја донеле заедно за нашите деца и генерациите што доаѓаат после нас“, порача премиерот Заев на собирот во Куманово.

На кумановчани синоќа порака им испрати и градоначалникот Максим Димитриевски. „Државата ни е создадена во наша близина, во Прохор Пчински и тие што ја создадоа ни оставија обврска да ја чуваме. На 30 септември имаме историска одговорност и шанса да го сториме тоа“, рече Димитриевски.

актуелно ЕУ Заев македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.